ЦИВИЛ – Центар за слобода ќе распореди мобилни изборни набљудувачи во општините каде што денеска се прегласува за Парламентарните избори. Изборниот мониторинг ќе го спроведат акредитирани мобилни набљудувачи на ЦИВИЛ во текот на целиот ден на гласањето, сè до завршување на броењето на гласовите., информираат од ЦИВИЛ
ЦИВИЛ ќе одржи шест прес конференции, по три на македонски и албански јазик.
Прес конференциите на македонски ќе се одржат во 12, 17 и 20 часот, а на албански во 12:30, 17:30 и 20:30 часот.
Прес центарот на ЦИВИЛ ќе бидат отворен за медиумите во текот на целиот изборен ден, а вонредни обраќања ќе има доколку има итни информации од теренот.
Добредојдено е и лично присуство и виртуелно учество на медиумите. Прес конференциите ќе се пренесуваат во живо на Фејсбук страната на организацијата и на видео каналот на YouTube.
Преземено од Цивил Медиа