Пишува: ЗОРАН ИВАНОВ
Еднаш бар да го скршеше јазикот пред Папата со „Македонија”, макар со „Северна”, но тоа не, изборот ѝ беше ни ваму ни таму и онака „Гордо” како врховна командантка и на оној, исто така нели Горд и нели безимен Воин во центарот на „Нашиот” главен град на „Нашата” ни Макед…..(пипс) …, не, не, пардон, не Макед…ја туку „Нашата” ама Горда па, кажано во една реченица, ни по нецели недела, две, еве се обзнани дека на томболата наместена „Избори 2024” премијата пак падна кај патриотките и патриотите ама пак кај оние лажните.