ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Започна снимањето на филмот „Касапско оро“ – Политички трилер кој ветува визуелна и емотивно моќна приказна

May 24, 2024 22:33
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Nа падините на Средно Водно, во драматичен амбиент и со исклучителна филмска екипа, падна првата клапа на филмот со работен наслов „Касапско оро“. Филмот ќе биде сниман на локации низ Скопје во период од три недели. Работен е по сценарио на Сашо Кокаланов и Дејан Дуковски, режијата е на Срѓан Јанаќиевиќ, директор на фотографија е Дејан Димески, а продукцијата е на Ново македонско видео, односно Њу Момент.

Никола Ристановски и Дарја Ризова се носечките ликови на приказната, а клучни улоги имаат и Сашко Коцев и Оливер Митковски.

Во општество полно со корупција, уредникот ветеран Бодан и амбициозната млада новинарка Софија, независно еден од друг, откриваат скандалозно видео. Одбивајќи да бидат замолчени од закани и мито, се соочуваат со опасна мрежа од политика, интриги, корупција и секс-скандали. Филмот навлегува во темниот, груб свет на моќта и хипокризијата кои влијаат врз секој слој од општеството.

Еден од сценаристите, Сашо Кокаланов, вели дека ова е филм за лажниот морал, не само на политичарите или на новинарите, туку на целото општество.

– Филмот не претендира да биде перцепција за македонското новинарство. Тоа е само некаков поширок контекст за една многу конкретна приказна. Ликовите од приказната не се пресликани реални личности, но се градени со многу „позајмици“ од лепеза вистински ликови од нашето општествено и медиумско милје – вели Кокаланов.

Кокаланов го „градеше“ сценариото заедно со Дејан Дуковски, успешно склопувајќи го мозаикот на приказната.

– Ова е приказна за фанатична храброст преку големи лични жртви да се добие Донкихотовска борба против крајно корумпираниот и криминален режим на власт кој е спремен на сѐ за да ја задржи. Со голема веројатност сѐ да остане само уште едно мочање во ветер, приказната што ја раскажуваме го потенцира фактот дека основата на сите демократски општества е во слободата на медиумите кои на тој начин се и контрола на власта во однос на јавното мислење. Ова подразбира медиуми кои не се купени и не работат за ничии интереси. Слободни новинари за кои вистината мора да биде единствен интерес – вели Дуковски.

Режисерот Срѓан Јанаќијевиќ филмот по жанр го дефинира како политички трилер и, според него, ќе биде визуелно впечатлив за да ја долови тензијата и борбата на главните ликови во потрага по правда и во корист на вистината и јавниот интерес. Додека тече професионалната и лична приказна на Бодан и Софија, интензивното дејство, кое се случува паралелно во само 24 часа, ќе ги внесе гледачите и во приватниот хаос на ликовите во потрага по правда, во морално амбивалентен свет.

За ефектот од начинот на кој оваа тема ќе биде филмски обработена, извршниот продуцент Сашо Пешев од Њу Момент вели дека очекува интерес во јавноста и меѓу љубителите на филмската уметност бидејќи во центарот на дејството ги има изложеноста и предизвиците на новинарската професија во транзициска држава каде што политиката, корупцијата и криминалот одат заедно.

Филмот е финансиран со минималниот буџет од Агенцијата за филм бидејќи е дебитантски филм на Срѓан Јанаќијевиќ и затоа има продукциски предизвици кои треба умно и креативно да бидат решени.

– Дел од филмот се случува во автомобил, а за тоа квалитетно да се сними се потребни посебни технички предуслови. Донесовме специјална опрема и приколка од Словенија и верувам дека ќе успееме да го добиеме визуелниот израз што го сакаме – вели Пешев.

Актерот Никола Ристановски за својот лик Бодан вели дека нема голема теза, но употребува лични критериуми и се обидува да сочува одредени лични и професионални кодекси во секоја сцена, во секој нареден миг на таа моќ.

– Работите никогаш не се црно-бели и тоа е главниот постулат во сценариото. Ама така е и во животот. Секое наше дејство, секој акт, секоја постапка, ни се враќа како бумеранг. И затоа ни се потребни критериуми според кои ќе го изградиме ликот, критериуми кои се неопходни за дел по дел да го составуваме мозаикот. Не постојат морални норми кои се генерални и употребливи секој ден, дури и секој час, така што секој нов момент е ново парче во мозаикот. Светот на медиумите не е одвоен од сите останати светови околу нас, само што тука има поголем концентрат. Впрочем, како и во мојата професија. Овој свет не се одвојува од целото милје, само што тука интензитетот на сите случувања е на квадрат споредено со сите останати. Рефлексиите се посилни, реакциите се подраматични и повидливи – вели Ристановски.

Дарја Ризова, лицето на едната страна во решавањето на предизвиците на новинарската професија, вели дека е инспирирана од ликот на Софија и потрагата по нејзините мотиви, односно нејзината лична приказна, како и границата до која таа е подготвена да отиде. Според неа, во основа истражувачкото новинарство е последниот бедем на јавниот интерес против злоупотребите на моќните.

– Во држави со дисфункционален или корумпиран правен систем како нашиот, оваа професија е и една од најризичните. Освен тоа, истражувачките новинари не се никогаш доволно платени, земајќи ги предвид личните жртви и одрекувања. Силата на овие медиуми зависи од независноста, а таа од изворот на финансирање. Филмот е објективен и реалистичен. Случувањата се доволно општи за да избегнат дневна политика, а на моменти неизбежно асоцијативни со случувања од нашето блиско и далечно минато – вели Ризова.

Последниот кадар на „Касапско оро“ е планиран за крајот на јуни, во текот на летото ќе влезе во фаза на продукција и пост продукција и наесен ја очекува премиерата.

Tags: Касапско оро
Next Post

Меѓународен ден на исчезнатите деца: Секоја година во Европа исчезнуваат 300.000 деца

Shortcut

Најново

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026
Никола Спасов

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026

Бразил не ја менува политичката насока, Лула со четврти претседателски мандат

October 26, 2026
Архивска снимка: Белград, 27 април 2026 (фото извор: Фејсбук страница на STUDENTI POBEĐUJU)

ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

October 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Есенска технолошка офанзива: Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk