ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home МАГАЗИН ЗДРАВ ЖИВОТ

Како да го потиснете адреналинот и да останете смирени?

May 27, 2024 18:15
in LIFESTYLE, ЗДРАВ ЖИВОТ, МАГАЗИН
Share on FacebookShare on Twitter

Адреналинот е хормон кој предизвикува страв, забрзано чукање на срцето и слично кога личноста е под стрес. Тој го подготвува вашето тело за опасност или за непозната ситуација. Поради ова, адреналинот ја зголемува вашата свест и вашата енергија, а ова резултира со уште поголем стрес.

Сигурно сте се почувствувале вака барем еднаш во животот и знаете колку е непријатно. Покрај тоа, адреналинот може да го уништи вашето презентирање, говор и слично. Затоа, доколку научите да го контролирате ќе бидете во можност полесно да се справувате со вакви ситуации и ќе постигнувате подобри резултати.

Можеби звучи тешко, но контролирањето на адреналинот е лесна техника. Во продолжение погледнете ги 3-те едноставни чекори кои ќе ви помогнат да го постигнете тоа.

1. Практикувајте техники за релаксација

Постојат неколку техники од овој тип направени специјално за да го намалат нивото на стрес. Овие техники се едноставни, лесни и многу ефективни. Она што е најдобро е што веднаш ги гледате резултатите од нив.

Длабоко дишење

Кога сте под стрес добро е да почнете да дишете побавно. Дишете од вашиот нос и дозволете му на воздухот да го исполни вашиот абдомен. Фокусирајте се на темпото на дишењето и обидете се да остане исто. Дишењето на овој начин го намалува адреналинскиот шок и го забавува чукањето на вашето срце.

Бидете присутни

За момент фокусирајте се на вашето опкружување. Обрнете внимание на сите детали. Следно, фокусирајте се на вашето тело и како тоа се чувствува. Бидете задоволни со опкружувањето и сфатете дека вие сте само мал дел од овој огромен свет. Ова ќе ви помогне да ја тргнете напнатоста.

Прогресивно опуштање на мускулите

Забавете и фокусирајте се на разликата помеѓу релаксацијата и напнатоста. Бавно стегајте и отпуштајте некоја мускулна група додека не почувствувате дека стресот го напуштил вашето тело. Ова ќе ви помогне да се фокусирате на физичките дразби и ќе обрнувате помалку внимание на мислите кои ве плашат.

2. Пренасочете го вашиот ум

Оваа техника е инспирирана од хипнозата. Начинот на кој функционира е малку комплициран, но има врска со „лажење“ на вашата потсвест со цел да останете смирени.

За почеток најдете некој предмет кој ви буди убави сеќавања. Кога ќе го пронајдете, поврзете го со тоа сеќавање. За да го направите тоа најдобро е да си играте со него или да го искористите предметот како што сте го правеле тоа во вашето сеќавање. Сега го поврзавте тој предмет со одредено чувство и може да почнете да го користите. Она што треба да го направите е да го носите предметот со себе и кога ќе налетате на стресна ситуација само допрете го. Се разбира, ако предметот е голем нема да можете да го носите секаде, па доволно е само и да помислите на него.

3. Земајте магнезиум како додаток во исхраната

Ова е многу добар начин целосно да го спречите ненадејното лачење на адреналинот. За жал, ова е еден од најпотценуваните методи. Магнезиумот докажано го намалува нивото на кортизол. Покрај адреналинот, кортизолот е најлошиот хормон на кој можете да бидете премногу изложени. Затоа, ослободувањето од неговиот вишок ќе ви помогне полесно да се опуштите.

Магнезиумот можете да го пронајдете во секоја аптека.

Tags: адреналинСовети
Next Post

Седница на Извршниот одбор на СДСМ за предвремените внатрепартиски избори за ново раководство

НАЈНОВО

Скриншот

Технички дефект во Cloudflare: Делови од светската мрежа не работат или имаат чести прекини

November 18, 2025

(ВИДЕО) Големо музичко откритие: Пронајдени две дела на Бах од неговата младост

November 18, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/ Х

Амбасадорката Дир: Руски ракети го погодија регионот Харкив, при што загина 17-годишно девојче – меѓународната поддршка е клучна, Русија нема да запре без цврст глобален притисок

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

    Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 18 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Украински борбен робот сам бранел позиција цели шест недели

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија ја претрча Македонија на патот кон ЕУ, Мицкоски упорно инсистира дека не е така – Брисел упорно го демантира

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk