Маж на 47 години е убиен во тетовско Боговиње, а според првична информација на полицијата како осомничен е приведен 50 годишник од истото место. Осомничениот е приведен во Тетово.
– Во 10.30 часот на улица „Цветaн Димов” во Тетово полициски службеници го лишиле од слобода М.М.(50) од тетовско Боговиње, кoј бил со патничко возило „бмв” со тетовски регистарски ознаки. Тој се сомничи дека околу 10:15 часот во угостителски објект во село Боговиње со огнено оружје го усмртил А.Џ.(47) од истото село, со кого имале претходно меѓусебно нетрпение. При преглед на возилото е пронајдена и одземена една автоматска пушка. Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка,информира СВР Тетово.
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово изврши увид на местото во Боговиње.
Како што информира ОЈО, сторителот е идентификуван и лишен од слобода, а кај него е пронајдено и оружјето со кое го извршил делото.
-Според првичните информации, настанот се случил во угостителски објект во кој во тој момент имало и други лица. Осомничениот и жртвата имале вербална расправија, по што сторителот извадил огнено оружје и започнал да пука. Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатиот, како и наредба за прибирање и вештачење на траги од лице место. Ќе се вршат разговори со сведоци на настанот и со други лица, соопшти ОЈО.