Дополнителната заменик министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска денеска во Битола имаше редовна работна средба со раководството на СВР Битола.
Истовремено, Петровска имаше работни средби и со раководствата на ОВР Демир Хисар и ОВР Ресен, на Полициското одделение Новаци и на ПС за ГН Меџитлија и ПС за ГН Стење.
Во фокусот на разговорите беа темите околу актуелните состојби со криминалитетот на подрачјето на СВР Битола, односно на овие полициски организациони единици, како и подготовките на полициските службеници околу претстојните парламентарни избори.
Притоа, особено беше нагласена ефикасноста во работењето на Секторот за внатрешни работи Битола, кој што од 2017 година наваму, од година во година бележи значителни позитивни резултати и по однос на откривањето и расчистувањето на кривичните дела но и по однос на нивното статистичко намалување, во речиси сите видови криминал.
Покрај фактот за одличните професионални постигнувања на СВР Битола во изминатиот период Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи, Петровска беше информирана и околу актуелните подготовки на полициските службеници за непречано и мирно одржување на изборниот процес. Притоа, како што нагласи, Петровска полицијата има една од клучните задачи во креирањето на мирна и демократска атмосфера во која граѓаните ќе можат непречено да го остварат своето право на слободен избор.