ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Мицотакис убеден дека Фон дер Лајен повторно ќе биде избрана за претседателка на ЕК

June 12, 2024 14:15
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Апсолутно сум убеден дека Урсула фон дер Лајен ќе продолжи како претседателка на Комисијата. Таа е нашиот главен кандидат, а ние сме убедливо најголемото политичко семејство. Верувам дека ќе има огромна, ако не и едногласна поддршка од Европскиот совет и ќе успее повторно да обезбеди мнозинство во Европскиот парламент, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервјуто за „Блумберг“, јави дописничката на МИА од Атина.

Говорејќи за резултатот од европските избори во Грција, посочи дека „Нова демократија цврсто останува доминантна политичка сила во земјата“, но и додаде дека кај граѓаните постоеше „одреден степен на незадоволство за прашања како што се трошоците за живот, со кои треба да се справиме“.

-Бевме избрани да спроведеме храбра програма со реформи во преостанатите три години од нашиот мандат. И тоа е она што треба да го направиме. Сега имаме три години без други избори, а во 2027 година повторно ќе бидеме оценети врз основа на сработеното, рече Мицотакис.

Истиот став дека имаат уште три години од мандатот, грчкиот премиер го изрази и во вчерашното интервју за телевизијата „Алфа“, кога категорично го отфрли прашањето за предвремени парламентарни избори во земјата, објаснувајќи дека актуелната Влада има „силно мнозинство и силен четиригодишен мандат“

Во однос на сценаријата за реконструкција на Владата во следните денови, Мицотакис индиректно посочи дека тоа ќе се случи до крајот на оваа седмица, одговарајќи дека планираната и закажана владина седница в петок „ќе биде со актуелниот состав“. с

Tags: МицотакисФон дер Лаjен
Next Post

Малишиќ: Одредени компании го поскапеа лебот за 10 отсто, стабилизирање на цената со почеток на жетвата

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk