ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Доделени почесните награди на ДФРМ во рамки на филмската ревија „Златна рамка“

June 20, 2024 11:36
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Престижните почесни награди во рамки на филмската ревија „Златна рамка“ на Друштвото на филмски работници на Македонија (ДФРМ) беа доделени вчера за време на свечената церемонија која се одржа во Младинскиот Културен Центар (МКЦ). Настанот на едно место обедини околу стотина гости – еминентни претставници од светот на културата и кинематографијата и љубители и поддржувачи на македонската филмска индустрија. Годинешните почесни награди беа доделени на Владимир Анастасов – Вац за најистакнат филмски автор, на Тони Михајловски како најистакнат актер и Марина Колоска за најистакнат филмски работник, информираат од Друштвото на филмски работници.

Како што наведуваат, манифестацијата „Златна рамка“ фокусот го става на филмовите произведени во изминатата година и има значајна улога во развојот на филмската култура во Македонија. „Златна рамка“ претставува еден вид на витална платформа за филмските професионалци да разменат искуства и согледувања, поттикнувајќи средина за соработка која го подобрува квалитетот и досегот на македонската кинематографија. Истовремено, оваа манифестација ги претставува македонските краткометражни, долгометражни и документарни филмови пред будното око на македонската публика, која со своите впечатоци и критика придонесуваат за континуиран развој на кинематографијата.

“Со организацијата на ’Златна Рамка’, целиме да ја промовираме македонската кинематографија на поширока публика и верувам дека оваа година успеавме во тоа, иако ни преостануваат уште неколку проекции до крајот на овогодинешното издание. Навистина ми е драго што имаме зголемен број на филмски проекции, а киносалите се исполнети до последното столче.“ – изјави Томи Салковски, Генерален Секретар на ДФРМ.

„Иако посветеноста и креативноста на нашите филмски работници се видливи преку нивната импресивна работа, македонската филмска индустрија бара соодветна поддршка и промоција од нашите институции за вистински просперитет. Сегашната состојба на македонскиот филм ја истакнува алармантната потреба од систематско делување. Манифестациите како ’Златна рамка’ го прикажуваат потенцијалот на македонската кинематографија, но без одржлива институционална поддршка, нашата филмска индустрија не може да просперира. Апелирам за зголемена поддршка на македонската кинематографија, за да не се доведуваме во ситуација да треба да ја реанимираме и враќаме во живот. Да ја поддржиме и со тоа и да го поттикнеме филмскиот талент во државата. Ги охрабрувам сите граѓани со своето присуство на филмски проекции да ги испочитуваат нашите талентирани филмаџии и да оддадат признание на македонската кинематографија“. – изјави Игор Иванов – Изи, Претседател на Друштвото на Филмски Работници на Македонија.

Како дел од програмата на филмската ревија „Златна рамка“, до крај на завршување на манифестацијата, љубителите на македонскиот филм во киното “Фросина“ ќе може да ги проследат проекциите на документарниот филм „Дневник по многу години“ со почеток од 18:00 часот и долгометражните филмови „Лена и Владимир“ со почеток од 20:00 часот и „Домаќинство за почетници“ со почеток од 22:00 часот.

Дополнително, последниот ден од ревијата ќе биде во знакот на еден исклучително важен сегмент на кинематографијата а тоа е грижата за нејзиното негување и сочувување. Сите заинтересирани ќе може да присуствуваат на трибината на тема „Зачувување на аудиовизуелното наследство“ со почеток од 12 часот, во чии рамки учество ќе заземат експерти како Владимир Ангелов, проф. Владимир Павловски, Игор Старделов и Роберт Јанкуловски.

Tags: „Златна рамка“
Next Post

Синдикалната минимална кошница за јуни 60.325 денари, зголемена за 235 денари споредено со мај

Најново

(ВИДЕО) Историја во Лондон: Саве ја проби границата „под два часа“ и постави нов маратонски стандард

April 26, 2026

Николоски: ЕУ ни помагаат за изградба на коридорите 8 и 10

April 26, 2026

Ристески: Општина Аеродром троши 138 милиони денари за „сокачиња“, тендерот повторно кај омилената фирма на ВМРО-ДПМНЕ

April 26, 2026
Фото: СДСМ

Филипче: Изјавата на Мицкоски дека децении ќе чекаме е признание дека оваа влада не сака во ЕУ

April 26, 2026

Нов прирачник на „ЕУ за општините“: Како локалните власти поефективно да комуницираат со граѓаните за данокот на имот

April 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk