ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Собранието го одбележа Светскиот ден на бегалците

June 24, 2024 15:22
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: Собрание на Република Северна Македонија

Фото: Собрание на Република Северна Македонија

Собранието во соработка со УНХЦР денеска го одбележа Светскиот ден на бегалците, 20 јуни, со настан што го отвори претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши.

Во своето воведно обраќање, Гаши истакна дека оваа година се одбележуваат 30 години од ратификацијата на Конвенцијата за статусот на бегалците на Обединетите Нации, но и цели три децении од формирањето на Канцеларијата на Високиот комесар за правата на бегалците во нашата држава.

Според него, Законодавниот дом секогаш ќе биде отворен и ќе има позитивен пристап за сите иницијативи кои значат унапредување на човековите права и подобрување на условите за живот, но и на можностите за развој на сите кои поради одредени причини, се нашле во таква незавидна ситуација, да бидат луѓе без дом, без огниште, далеку од сопствената татковина.

-Особено сум горд што државата покажува голема емпатија. Демократскиот свет има обврска да не дозволи бегалците, бегајќи од суровоста на војната, суровоста на конфликтите, на меѓуетничката, верска или каква било друга форма на нетрпеливост да го изгубат достоинството, да ги изгубат основните човекови права, како што се образованието, здравствената заштита, социјалната сигурност…, истакна Гаши.

Претседателот на Собранието нагласи дека во изминатиов период, благодарение на интензивната соработка на Собранието со УНХЦР, преку измените на Законот за матична евиденција и Законот за странци и нивна практична имплементација, се реши ситуацијата со лицата без државјанство, со што се надмина проблемот за над 700 граѓани.

Претставникот на УНХЦР во Република Северна Македонија, Габриел Гуалано де Годој, ја пофали работата на Собранието, но и на државните институции во целина за надминување на проблемот за лиицата без државјанство, но упати и посебна благодарност за пристапот на земјата кон бегалците од Украина. Потоа следуваше дискусија „Навигација низ законодавните предизвици и перспективи: Улогата на Парламентот во градењето стратегии за ефикасни системи за азил и засилена поддршка барателите на азил и бегалците“, на која учествуваа пратеници од Собранието на Република Северна Македонија.

Next Post

Повеќе од 20.000 палестински деца исчезнаа во Појасот Газа, објави хуманитарната организација „Спасете ги децата“

НАЈНОВО

Ѓорѓиевски: За прв пат во историјата на Македонија наеднаш се градат многу училишта, градинки, спортски објекти и патна инфраструктура

August 24, 2025

Врачување на највисоките признанија на СВП на традиционалната манифестација „Мостови“

August 24, 2025
Фото: Укринформ

Канадскиот премиер Карни пристигна во Кијив

August 24, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Да ги освестиме придобивките од ЕУ за да знаеме зошто сме против!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брнабиќ: Започна втората фаза на „обоената револуција“ – терор и насилство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Тајните на Месечината: Зошто не сме ја посетиле со децении по Аполо мисиите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk