ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Прва седница на Владата, ќе се разгледува информацијата за повисоки пензии

June 28, 2024 09:28
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Владата денеска на првата седница ќе ја разгледува информацијата за повисоки пензии. Станува збор за проект, ветен од новата власт пред изборите, со кој повеќе од 300 илјади пензионери треба да добијат повисоки пензии од септември.

Конструкцијата на проектот за зголемување на пензиите е финализирана на вчерашната средба на премиерот Христијан Мицкоски со министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочовска и со министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани.

Мицкоски на Фејсбук објави дека станува збор за реализација на изборно ветување кон пензионерите.

– Дадениот збор е светост, обврска и одговорност. Државата мора да се грижи за највозрасните. Во соработка со министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, министерот за социјална политика демографија и млади Фатмир Лимани, посветено работиме на итно изнаоѓање на решение кое ќе донесе повисоки пензии за над 300 илјади пензионери. Ова исклучително важно решение кое го ветивме на изборите ќе се дискутира на седница на Владата и со тоа ја покажуваме нашата посветеност да испорачуваме резултати и да работиме посветено и за сите, напиша Мицкоски на ФБ.

Тој во средата најави дека најверојатно ќе има две линеарни зголемувања на пензиите и тоа со нивелирањето во септември и уште едно во март. Зголемување на пензиите ќе биде вклучено во ребалансот на Буџетот, кој е најавен за средината на јули.

– Од она што можам да видам дека и со оној првичен буџет којшто е поминат за оваа година недостасуваат околу 2,5 милијарди денари. Ќе имаме најверојатно две линеарни зголемувања, едно со нивелирањето сега во септември од 2.500 денари и другото ќе биде во март уште 2,500 денари. Најпрвин треба да обезбедиме со ребалансот 2,5 милијарди денари околу 40 милиони евра. Во буџетот што е поминат за оваа година недостасуваат средства за тековни пензии. Се трошеле за работи за кои мислам дека многу ќе се занимаваат истражните органи во периодот што следи. Уште дополнителни 2,5 милијарди денари се подготвени за ова првично зголемување кое ќе биде во септември, за овие три месеци септември, октомври, ноември, бидејќи пензиите ќе се исплаќаат тогаш. Останатите ќе бидат во март, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по поставувањето камен-темелник на ново училиште во скопската населба Драчево.

Со тоа, нагласи Мицкоски, практично ветувањето за линеарно зголемување на пензиите од 5 000 денари во првата година ќе биде и порано исполнето, не до јуни туку ќе биде до март идната година.

Со корекцијата што треба да се направи во септември, посочи вчеравечер министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, пензионерите ќе го добијат првото линеарно покачување од 2.500 денари, а следното линеарно покачување, исто така, од 2500 денари ќе биде во март следната година.

-Пензионер кој има пензија од 15.000 денари со покачувањето во септември ќе има пензија од 17.500 денари, а со покачувањето во март идната година од 20.000 денари. Таквата пензија ќе ја добива секој месец, а првото вообичаено усогласување на пензиите со трошоците на живот ќе го имаат во септември 2025 година, рече Димитриеска Кочоска во интервју за ТВ Сител.

Нагласи дека со ребалансот на Буџетот ќе треба да се обезбедат уште околу 80 милиони евра за да можат да се исплаќаат зголемените пензии. Од нив, како што кажа, околу 40 милиони евра се за линеарното зголемување, а останатите 40 милиони евра не биле предвидени од поранешната власт во Буџетот за годинава за непречена исплата на пензиите. Во фокусот на ребалансот, како што кажа, ќе бидат општините, пензиите, парите за плати, а се друго ќе се крати.

На седницата, како што соопшти владината прес-служба, ќе се дискутира и за именувања на раководни кадри во неколку државни институции.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

По вчерашното невреме, нови пријави за оштетени автомобили во Скопје, одрон кај село Дреново

НАЈНОВО

ДИК одобри акредитации за меѓународни и домашни организации за набљудување на локалните избори

October 6, 2025
Скриншот

Електричниот Porsche Cayenne 2026 носи револуција во кабината со екрани, амбиент и панорамски покрив

October 6, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Француската опозиција бара предвремени избори

October 6, 2025

НАЈЧИТАНО

  • ФОТО: ВМРО-ДПМНЕ

    Николоски: Филипче нашол еден договор во Железница на цели 45 илјади евра, а сумата не ја кажува, затоа што Венко таа сума за јахтата ја троши за отприлика 3 до 5 дена

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Дали сега Мицкоски ќе се прогласи за епски криминалец откако склучи договор со ИРД инженеринг?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скандал во Албанија: Онколошките пациенти добиваат лекови со истечен рок и фалсификати

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk