„Ќе има вработени Роми во сите институции и министерства, но не како метлачи и чистачи, туку ќе бидат во институциите на системот во органите на државната управа“, вели Шабан Салиу, министер без ресор, одговорен за интеграција и имплементација на Декадата на Ромите, во интервју за ЦИВИЛ Медиа.
„Веќе договоривме да имаме 4 директори“, вели тој.
Салиу додава дека покрај вработувањата, планира да има фонд не само за инфрастурни проблеми, туку и за санација на домовите на сиромашните Роми.
„Очекувам да има социјални станови кои нема да се делат како до сега, кој, кого имаше пријател, и излезе дека Ромите се најбогати во тој случај. Од 500 стана, еден или двајца Роми ќе добиеја социјални станови. Се знае дека во државата Ромите се најсиромашни од сиромашните и не треба некој да ни дава подароци“, вели Салиу.
Во однос на укинување на балансерот и да се воведе соодветна правична застапеност, тој вели дека уште повеќе им одговара на Ромите.
Дехран Муратов
камера, монтажа и фотографија: Ариан Мехмети
Извор: Цивил Медиа