ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Рамноправноста не е „перцепција“, туку потреба!

July 12, 2024 11:53
in ДЕНЕС, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ВОЈО МАНЕВСКИ

Притисна жештината, нѐ собра под климите или некаде каде сонцето и посилно свети и топли, ама за да се разлади душата таквата состојба ја нарекуваме одмор покрај вода. Да, да, мирисот на морето донесува свежина и полесно се поднесуваат високите температури, иако никогаш не разбрав како 40 степени топлат таму помалку. Сѐ било во перцепцијата за околината и состојбата. Е од таа перцепција тргнувам кога се обидувам да ја опишам состојбата во мојата татковина, која не само во лето, туку и во другите годишни времиња сѐ повеќе се празни. Летото нѝ дава можност да се сретнеме со нашите роднини или сограѓани што среќата или таа фамозна перцепција ја побарале некаде по белиот свет. Се наслушав на разни приказни за убавината на живеењето таму, на системот кој функционира, на редот кој постои и на предвидливоста на иднината. Некој вака, некој онака тоа го раскажува, но сѐ некако се сведува на ови три перцепции.

Разговарам со нив и донесувам лаички заклучоци за нивната одлука да се преселат во тој свет. Многу често велат дека висината на платата и не е одлучувачка зошто и таму без напорна работа нема многу да преостане на крајот на месецот. И таму сѐ е на кредит и на одложено плаќање, но голема е извесноста дека со тоа задолжување ќе излезеш на крај, а за некаков просечен живот секогаш останува. Тоа „просечен“ живот како критериум го носат одовде уплашени дека нема да го врзат месецот до следната плата. Секако предност им е што не се интересираат, а уште помалку занимаваат со општествените актуелности и навивачките страсти поврзани со партиите како што е овде. Ова сериозно им го одржува менталното здравје, иако по социјалните мрежи некако надмоќно го излеваат својот патриотизам. Нека, си велам, тоа е така од памтивек. Таму им е филмот, а журналот им е овде, а журналот сепак е само пропаганда или евтина реклама.

И што има овде паметно се прашувате? Па ништо, посебно освен мојот скромен заклучок дека во друга средина ни заминуваат младите поради недостаток на РАМНОПРАВНОСТ. И тоа не некаква филозофска категорија, туку како основен предуслов за добро функционирање на секоја човечка заедница. Изгубена е перцепцијата за рамноправност пред законот и државните органи. Еднаквоста е невозможна меѓу природно различни единки, но затоа и постои државата да ги стави во правна еднаквост. Колку повеќе таа состојба се практикува, толку граѓаните имаат поголемо чувство на припадност кон државната заедница, толку повеќе таа држава е стабилна и перспективна.

Знам дека социолозите имаат разни модели на оценување на состојбите, а јас ќе потсетам дека и постарите генерации знаеја дека не се потполно рамноправни со номенклатурата во државата, ама чувството дека сепак некаде можат да побараат заштита им ја одржуваше перцепцијата за рамноправност.

Како и многу други социолошки процеси и чувството за рамноправност од тој систем и приказните за неговата функционалност ја пренесувавме на нашите деца. Дали беше токму така и веќе не е важно. Распространетоста на ваквите уверувања е евидентна на секој собир каде мислења разменуваат неколку различни генерации. Како одминува времето во непроменување на сегашните состојби кои генерираат нерамноправност, таквото мислење е сѐ поголемо. Сите имаме чувство дека сме оставени од државните органи сами да се снаоѓаме, барајќи разни семејни, роднокрајни, пријателски и што е погубно за заедницата – партиски врски. Се убедивме дека само така сѐ околу нас функционира и тоа е нашиот начин на живот. Токму тоа новата генерација која има стотина прозорци преку современите технологии, не сака да го прифати како начин на живот и перспектива. Затоа бараат место под сонцето или облаците некаде по светот. Таму тоа чувство за претпоставена рамноправност однапред им е вкалкулирано и не им прави „перцепција на безизлезност“.

Обична логична операција на дедукција вели дека оние што останавме овде се согласуваме на овој начин на живот и таква „перцепција“ за него.

За крај на овој текст. Топло е и не сакам да ве заморувам со читање. Во Јапонија кога се случи несреќата со атомската централа како доброволци се јавија лица кои имаа повеќе од 65 години. ДОБРОВОЛНО се изложуваа на радијацијата за иднината на нивните поколенија. Ние не сме Јапонци, ама генерацијата која го измина најголемиот дел од патот може ли да помогне на идните генерации? Одговорот е кај секој од нас, а за почеток да предложам, почитувани исписници, да почнеме да си кажуваме добро утро кога се разминуваме, да климнеме глава и на непознат! Ајде да размислиме што оставаме зад нас! Ако добро размислиме тоа и не е малку. Да размислиме барем во текот на интервалите кога преку интернет ги поздравуваме оние што бараат други „перцепции“! Одговорноста веќе е тема за која треба да разговараме. Кога преку гласање им ја одредуваме сегашноста, одговорни ли сме за барем дел од иднината? Додека се криеме од жестинава да размислиме на тие теми за да имаат потомците за што да размислуваат.

Преземено: Цивил Медиа


Текстот е личен став на Авторот. 

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

На петте најдобри студенти кои завршиле медицина ќе им биде дадена шанса веднаш да се вработат во здравството

НАЈНОВО

Знае ли Мицкоски дека Тошковски го демантираше за странските служби и центри на моќ, прашува СДСМ

September 15, 2025

Полска урна дрон над зградата на владата во Варшава

September 15, 2025

Крвава драма во Велес: Маж уби жена и нејзиниот татко, па се самоуби

September 15, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Дуел за Штип: Само двајца кандидати за градоначалник, 11 листи за советници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Митева: СДСМ и Филипче со патолошки пристап во политиката, без аргументи создаваат магла и лажни скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шукова: Нема протокол, има чад, имам план за заштита на граѓаните од пожарите и депониите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Стеваноски реагира: Полицајци во цивил од Скопје се однесуваат насилнички и застрашувачки во Прилеп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од Старата чаршија до младинските центри: Меџити ја претставува визијата за Чаир во интервју за Фронтлајн

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk