На Европското првенство во Словенија за ракометари до 20 години, трофејот го освои репрезентацијата на Шпанија која синоќа во финалето ја совлада Португалија со 35:31.
Претходно, во меч за бронзата, Данска ја победи Германија со 26:23.
На првенството учествуваше и македонската репрезентација која на крајот го освои 9.место. Избраниците на селекторот Раде Стојановиќ одиграа извонреден турнир, забележаа четири победи (Црна Гора, полска, Романија и Франција), два пати ремизираа (Хрватска и Австрија) и загубија само еднаш (Франција).
Македонските ракометари со пласманот на 9.место обезбедија учество на Светското првенство до 21 година кое ќе се одржи во Полска следната година.