ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Прв брифинг на новиот лидер на СДСМ, Филипче: Блупринт на социјалдемократијата, Владата не покажува волја за ЕУ интеграции, непотребно ја задолжува земјата

July 25, 2024 12:54
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Во седиштето на партија, новиот лидер на СДСМ, проф. д-р Венко Филипче, го одржа првиот брифинг со медиуми истакнувајќи ги главните определби на партијата и новата партиска стратегија, продолжувајќи о оценката на досегашното работење на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

„Започнуваме подготовка на целосно нова стратегија и таканаречен „Блупринт за социјадемократија“ Овој документ ќе биде новата идеолошка и политичка стратегија за ребрендирање и модернизација на СДСМ. Со него ќе направиме реафирмација на социјадемократските вредности прилагодени на новото време земајќи ги предвид секако новите политики коишто ќе ги презентираме на еден инклузивен начин, со широка платформа во којашто беа вклучени многу фактори што ги делат нашите вредности“, истакна Филипче.

Фокусот на брифингот Фиипче го насочи кон ребалансот на Буџетот, заемот од Унгарија и Кривичниот законик. Кореспондирајќи со претходното соопштение на СДСМ за 30 дена Мицкоски, 30 дена лоши политики“, тој ги прогласи за негативни и понижувачки политиките за недела да биде работен ден и суспендирање на политиката за постепено покачување на платите.

Во однос на платите кои зависат од ребалансот на буџетот, кој денеска е на општа дискусија во собраниската Комисија за финансирање, Филипче рече дека се поднесени амандмани, како чекор што СДСМ го презема за ревидирање на ребалансот на Буџетот.

„ВМРО-ДПМНЕ не предвидува покачување на платите практично во ниту еден сектор, ниту во образованието, ниту во здравството, ниту за полицијата, ниту за Армијата, а не се почитуваат ниту обврските од општиот колективен договор и нема да има зголемување ниту на минималната плата на 450 евра, како што бараа синдикатите. Ќе се покачуваат плати само по потреба и за поткуп, не постојано и систематски. Ова многу силно ќе им се удри од глава“ изјави Филипче.

Вториот фокус, заемот од 500 милиони евра од Унгарија, Филипче го оцени, рво како нелогичен, со оглед дека Унгарија е и самата задолжена, а дава пари во заем со помала камата. Филипче побара да се разјасни потеклото на тие пари и да го даде Законот што е можно побргу на Собрание.

„Зошто посегнуваме по билатерален договор за првпат во историјата на земјата, зошто не прибегнеме кон меѓународни инструменти кои традиционално ни биле на располагање, кои имаат и контролни механизми за начинот на трошење на пари. Овде таков контролен механизам не гледаме“, вели Филипче.

Во однос на евроинтеграции проценката е дека ВМРО-ДПМНЕ за 30 дена не врати 10 години назад во тој поглед,

„Како со временска машина ВМРО-ДПМНЕ реши да ги уназади сите процеси и напредокот во меѓународната политика. Отворивме проблем со Грција кој беше целосно затворен. Сега ВМРО-ДПМНЕ вели дека ќе го решавало по судски пат. Ние 20 години тоа се обидувавме да го направиме и не успеавме дури и со пресуди во наша корист. Нема иницијатива со Бугарија, а имаше само еден последен чекор да се направи“, истакна Филипче.

Филипче призна дека згрешиле со измените на Кривичниот законик и дека нивните денешни предлози и признавање доаѓа од реакциите на јавноста и на граѓаните.

„Мораме да бидеме искрени и да признаеме дека згрешивме со измените на Кривичниот законик. Има изготвен нов Кривичен законик во 2017, под министерката Рената Дескоска, апелирам Владата да го стави на јавна расправа и заедно со консензус да донесеме, еден нов, како што доликува Кривичен законик.  Не е доволно да кажеме дека сме направиле грешка, одиме чекор напред да направиме повеќе“, истакна Филипче.

Претходно во соопштение, СДСМ меѓу 30-те лоши политики ги наброја и :  4-те нови министерства, МВР  решава едно  убиство во шест месеци, а криминалот цвета по улиците, да постави заменик министер на МВР со физичко образование, нема реакција за покачување на лебот, покачување на струјата, а нема реакции, прифаќање на Бехтел и Енка, нешто за што пред да дојдат на власт гледаа како на најкриминален проект…

На листата се и патувањето на синот на Мицкоски во САД, за време на присуството на премиерот на Самитот на НАТО, за неговата болка во колената и возењето во бизнис класа, некористењето на името на државата во обраќањата на премиерот.

Биљана Јордановска / Цивил Медиа
Tags: брифингВенко ФилипчеСДСМ
Next Post

На ГП Табановце за влез во државата се чека околу еден час, а на ГП Богородица за излез околу 30-40 минути

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на Frontline Press и ЦИВИЛ само во книжарницата „Или-Или“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ретрограден Меркур во 2026 година – што значи и кога ќе се случува

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk