Проширувањето на фискалниот дефицит крие дополнителен ризик од тоа фискалната експанзија да влијае врз каматните стапки во економијата и тие да не може да се симнат во разумен период, се вели во анализата на Фајнанс тинк во врска со ребалансот на буџетот.
Во анализата се укажува дека важно прашање е финансирањето на буџетскиот дефицит. Фајнанс тинк, го анализира и обезбедувањето на средствата преку билатерален заем од Унгарската влада. Од Институтот наведуваст дека потребно финансирање се зголемува како последица на значајното зголемување на фискалниот дефицит. Во анализата се посочува дека каматна стапка на било кое позајмување моментално е повисока од остварувањето на економскиот раст во земјава.
,,Клучното прашање е искористувањето на овие средства во развојни цели и тоа за: 1) инвестициски проекти на компаниите кои допрва ќе се реализираат (односно овие средства да поттикнат инвестициски циклус наместо да додаваат средства на веќе направена инвестиција како што прави Законот за финансиска поддршка на инвестициите); и 2) нови капитални проекти на општините, наместо за покривање на веќе настанати долгови од нерационално управување со локалните јавни финансии”-пишува во анализата на Институтот за економски истражувања Фајнанс тинк Фајнанс тинк: Заради зголемениот дефицит каматните стапки тешко ќе се симнуваат
Проширувањето на фискалниот дефицит крие дополнителен ризик од тоа фискалната експанзија да влијае врз каматните стапки во економијата и тие да не може да се симнат во разумен период, се вели во анализата на Фајнанс тинк во врска со ребалансот на буџетот.
Во анализата се укажува дека важно прашање е финансирањето на буџетскиот дефицит. Фајнанс тинк, го анализира и обезбедувањето на средствата преку билатерален заем од Унгарската влада. Од Институтот наведуваст дека потребно финансирање се зголемува како последица на значајното зголемување на фискалниот дефицит. Во анализата се посочува дека каматна стапка на било кое позајмување моментално е повисока од остварувањето на економскиот раст во земјава.
,,Клучното прашање е искористувањето на овие средства во развојни цели и тоа за: 1) инвестициски проекти на компаниите кои допрва ќе се реализираат (односно овие средства да поттикнат инвестициски циклус наместо да додаваат средства на веќе направена инвестиција како што прави Законот за финансиска поддршка на инвестициите); и 2) нови капитални проекти на општините, наместо за покривање на веќе настанати долгови од нерационално управување со локалните јавни финансии”-пишува во анализата на Институтот за економски истражувања Фајнанс тинк