ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Идиоти

July 29, 2024 14:38
in ZOOM IN, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ

Хистеријата во редовите на парадните христијански фундаменталисти, поблиски до фашизмот отколку што фашизмот е близок до нив, е дел од опасната врева што одекнува во модерниот свет.

Ја креваат моќници со своите понуди и вештачки громови и молњи сакајќи да го свртат вниманието на своите дела и лудачки системи.

И маси сапиенски кои го имаат изгубено не само тлото под нозете туку и своите космички релации, а на хоризонтите ја забележуваат загрозата од надворешноста.

Во случајот со отворањето на Олимписките игри во Париз, идејното покровителство и инцијатива на вревата, дојдоа од Москва: Тие ги запалија зилотите дека модерноста е декаденција во која тие страдаат и се губат и дека само десните чизми од истокот можат да им ја вратат смислата и да им го обноват сјајот.

Во тој ораториум на загубеност, страв и лудачки надежи, религиското диференцирање повеќе не може уверливо да се маркира во модусот на битието пратеник.

Присутниот богочовек, вели Слотердијк,  повеќе не може до смртникот да допре како гласник, туку само уште како идиот.

Идиотот е ангел без порака – недистанциран интимен дополнител на сите што случајно ќе ги сретне. Тој во овостраноста не внесува трансцендентен сјај, туку во општеството кое се темели на играње на улоги и его-стратегии, отеловува неочекувана наивност и разоружувачка добронамерност. Кога говори, тоа никогаш не е со авторитет туку секогаш со силата на својата отвореност. Иако е кнез по потекло, тој е човек без статусни обележја. По што безусловно му припаѓа на модерниот свет. Затоа што на ангелот му е примерена хиерархијата, а идиотот доаѓа со егалитарноста. Меѓу луѓето од вишите и нижите друштва тој се движи како големо дете кое никогаш не научило да ги искористи предностите со кои располага.

Оваа филозофска анализа покажува дека ние сме тажно осамени. Благодарејќи на многу фактори меѓу кои главни се мпц и вмро. Далеку сме од евангелскиот спасител и од неговата порака, тој е немоќен да ја пробие општата хистерија, а идиотите какви што се опишани во овој текст тука имаат изумрено уште во времето Јура.

Ако е ангелот богочовек со порака, а идиотот ангел без порака, нашите попови и световни владетели не се Достоевскиевски идиоти туку повеќе се ничеански антихристи и во идејна и во верска, а особено во медицинска смисла.

Ниче би рекол идиоти, а јас сум многу блиску до таа оценка. На моменти ми се чини и преблага.

Се разбира во делата и неделата, особено во злоделата, значи не во литургиските тралалајки и партисковладините празнични пригодности.

Опасни поединци и структури.

Нормалните се осамени и спасот ќе мора самите да го одработат, а оглупавените бараат спас во стадото кое моќниците го водат на кланица.

Непримерени се сите описи кои се обидуваа на историскиот Христос да го проектираат јазикот на хероизмот и културата на гениусот – а истото важи и за јазикот на фанатизмот и апостолско- апологетската ароганција!

Јасно ли е, бе, крстоносци, или треба да ве поканам на некоја “Тајна вечера”!?


Специјално за ПРВАТА ЛИНИЈА. Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторот.
Next Post

Автобус на ЈСП Скопје се запали во Бутел

Shortcut

Најново

Тернопил, 15 октомври 2026 (ДСНС)

Нови жртви на рускиот терор во Украина, Москва планира поголем воен буџет

October 15, 2026
International White Cane Safety Day (photo: WHO / Sebastian Liste)

15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Правото на самостојност и пристапност не смее да биде привилегија

October 15, 2026

Тужбите против OpenAI во САД: Што е потврдено, а што останува на ниво на обвинение?

October 15, 2026

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Се снајде на туѓа сметка

October 14, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пет празници ви се многу?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Анализа на НОВА: Банките доминираат на Берзата – што значи тоа за економијата?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk