ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Кузеска: Поради целосно потфрлање со пожарите, Тошковски да биде сменет од Управувачкиот комитет за кризи

July 31, 2024 11:26
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

– Состојбата со пожарите низ Македонија е алармантна и загрижувачка. Изгорени се над 130 километри квадратни, активни се уште многу пожари и зафатена е огромна површина од над 20.000 хектари, реагира портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Таа вели дека „Владата на Мицкоски и институциите под нејзина надлежност потфрлаат во справувањето со огнената стихија“.

„Граѓаните од терен посочуваат дека пожарникарите навреме делуваат и силно се борат со огинот, но во исто време забележуваат на спора реакција на воздухопловите и доцнење со часови. Лошата координација со воздухопловите и нивното доцнење со часови се посочува како најслаба алка во делот на справувањето со пожарите во изминатите денови. Го нема ниту најавеното засилено присуство на полицијата на теренот како дел од превентивните мерки. Повеќе од 10 дена гори пожарот во Македонски Брод, селата Тажево и Брезница се под закана. Информациите од терен потврдуваат дека пожарникари има постојано но нема соодветна воздушна поддршка. Постојат индиции дека дел од пожарите можеби се и подметнати. Но досега нема никакви информации од МВР. Зошто никој не е приведен? Зошто ниту еден случај не е расчистен? Тошковски покажа неспособност да ја координира активноста на Управувачкиот комитет за системот за управување со кризи. Бараме итно Мицкоски да го смени Тошковски и да се назначи нов одговорен за координација на системот за управување со кризи.“, истакна Кузеска.

Таа нагласува дека „само директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов е постојано на терен и очигледно е дека дава се од себе. Но, Тошковски и Мицкоски зошто ги нема?“.

Мицкоски, потенцира Кузеска, мора да разбере колкава одговорност носи и мора да преземе нешто а не да спие, да се појави на терен, да ја подобри координацијата на воздухопловите и ефикасноста на институциите, побрзо да реагираат.

Tags: КузескаМицкоскипожариТошковски
Next Post

Дванаесет активни пожари, Ангелов со апел до граѓаните да не учествуваат во гаснењето, освен доколку не бидат прифатени од локалните командири

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk