ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Терористички напад на плажа во Магадишу, најмалку 32 жртви

August 3, 2024 13:59
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Најмалку 32 лица загинаа, а многу други се повредени при самоубиствен напад од екстремистичката групација „Ал Шабаб“, проследен со пукање на популарната плажа Лидо во сомалискиот главен град Могадишу.

Претходно, ДПА соопшти дека бројот на жртвите е 15, а меѓу убиените има пет терористи.

– При нападот загинаа повеќе од 32 цивили, а околу 63 други се ранети, од кои некои се тешко повредени, изјави портпаролот на полицијата Абдифатах Адан Хасан.

– Безмилосните терористи убиваа цивили без дискриминација, изјави претставник на полицијата, додавајќи дека сомалиските сили за безбедност убиле пет членови на радикалната исламистичка групација „Ал Шабаб“, која е поврзана со „Ал Каеда“. Оваа групацијата веќе ја презеде одговорноста за нападот. Тие тврдат дека убиле 54 лица и раниле над 80.

Нападот започнал со експлозија од самоубиствен бомбаш на влезот на хотелот. Останатите напаѓачи се обиделе да ја нападнат зградата и исто така пукале по луѓето на плажата. Страшни снимки од нападот се проширија на социјалните мрежи.

Болниците ги повикаа жителите на главниот град да даруваат крв.

Плажата Лидо е омилена дестинација за викенд на жителите на Могадишу, забележува ДПА.

Исламистичката терористичка милиција „Ал Шабаб“ ја презеде одговорноста за нападот преку својата радио станица. Исламистите контролираат делови од Сомалија, но последниве години беа протерани од главниот град. Сепак, сè уште се случуваат напади врз државни институции, хотели или ресторани во Могадишу, каде што терористите го осудуваат она што го сметаат за неисламски западен начин на живот, додава ДПА.

Во јули, 11 лица загинаа при терористички напад на ресторан за време на финалето на Европското првенство во фудбал.

Tags: Могадишутерористички напад
Next Post

Што регулира Законот за вештачка интелигенција на ЕУ кој веќе стапи во сила?

Shortcut

Најново

Анаис. Мотив. Скопје

Дневен хороскоп со Анаис за 4 јуни 2026: Прогресивни идеи и колективен баланс

June 3, 2026

Формиран Регионален хаб за спортска дипломатија: МОК го става спортот во функција на развојот, инвестициите и регионалната соработка во Западен Балкан

June 3, 2026

Началникот на Генералштабот на Армијата учествуваше на 19-тата Конференција на началниците на Генералштабовите на балканските земји во Република Грција

June 3, 2026
Фото: Влада

Мицкоски: Македонија во првите пет земји во Европа во растот на БДП

June 3, 2026

Филипче: Не е загрозен македонскиот идентитет, загрозена е криминалната власт на ВМРО

June 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Охрид „СОС“

     „Охрид СОС“  бара итна привремена заштита на куќа од 1927 година во Охрид

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 29 мај 2026: Широки хоризонти и чист оптимизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 28 мај 2026: Финализирање на стратегиите и ментално ослободување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk