ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Демант на Нехар Травел: На ГП Блаце вчеравечер тенденциозно и селективно беа вратени двата наши автобуси без никакво образложение

Фронтлајн.мк го објави текстот „(ВИДЕО) ЕКСКЛУЗИВНО: Полиција ги спречи автобусите на Нехар турс да заминат во Црна Гора“,  во кој, како што и самиот наслов кажува, се вели дека автобусите биле вратени од полицијата, што според напишаното во демантот и се потврдува. Повеќе од јасно е дека Фронтлајн не објавил никаква лага.

March 13, 2020 21:32
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Туристичката агенција Нехар Травел упати демант до повеќе медиуми, во кој се вели дека се објавени голем број невистинити тврдења за случувањата околу аранжманот кој требаше да биде реализиран со крајна дестинација Херцег Нови, Црна Гора.

Во демантот, барем во она што е испратено до редакцијата на Фронтлајн,  Нехар Травел бара јавно извнивуање и повлекување на веста. Фронтлајн.мк го објави текстот „(ВИДЕО) ЕКСКЛУЗИВНО: Полиција ги спречи автобусите на Нехар турс да заминат во Црна Гора“,  во кој, како што и самиот наслов кажува, се вели дека автобусите биле вратени од полицијата, што според напишаното во демантот и се потврдува.

Повеќе од јасно е дека Фронтлајн не објавил никаква лага.

Сепак, во демантот не е наведено ништо за расправијата пред спортскиот комплекс „Борис Трајковски“ во Скопје пред тргнувањето на автобусите, кога неколку патници барале да се одложи патувањето и ги барале парите назад.

Фронтлајн.мк е сериозен медиум кој жестоко се бори против лажни вести а уште помалку клевети и навредува и во ниту еден момент нема намера да нарушува нечиј углед.

Фронтлајн бил и ќе биде гласот на граѓаните.

Во продолжение, интегрално, демантот на Нехар Травел:

„Почитувани, Туристичката агенција Нехар Травел од Скопје најостро ги демантира вестите објавени денес на голем дел од порталите/медиумите во врска со настан случен на ден 12.03.2020 година, од причина што се истакнати голем број невистинити тврдења за случувањата околу аранжманот кој требаше да биде реализиран со крајна дестинација Херцег Нови, Црна Гора.

Имено, на граничниот премин Блаце вчера вечерта тенденциозно и селективно беа вратени двата наши автобуси без никакво усмено или писмено образложение.

Првиот автобус ја помина границата на С. Македонија без никакви проблеми со граничните и царинските формалности. Автобусот пристигна на границата со Косово, граничната полиција ја започна процедурата и ги превзема пасошите од патниците и истите ги врати назад со влезен Косовски печат во пасошите. Во меѓувреме пристигна и вториот автобус на граничниот премин Блаце, по што патролно полициско возило на Северна Македонија се упати кон граничниот премин со Косово да го спречи првиот автобус да ја помине Косовската границата на веќе завршената процедура на Косовскиот граничен премин. Во меѓувреме, патниот сообраќај на границата се одвиваше непречено без застои и ограничувања за сите останати возила.

Одговорот на прашањата зошто одлучивме да го реализираме патувањето е од следните причини: ·

Фактот што крајната дестинација на аранжманот за Херцег Нови, Црна Гора не се наоѓа на листата на Светската здравствена организација и Министерството за здравство на С. Македонија како земја со висок или среден ризик и се до овој момент е земја без ниту еден регистриран случај на корона вирус (COVID-19) ·

Претходно консултирање со Стопанската Комора за Туризам на С. Македонија (СКТМ) и останати надлежни институции од кои што е добиена информација дека не постои забрана за реализација на патувањето во Црна Гора. ·

Исполнување на законските обврски како организатор на патување, произлезени од договорите за патување согласно утврдените прописи. ·

Исполнување на обрските кон патниците кои не го откажаа патувањето и сакаа да го реализираат истото.

Во дополнување, би сакале и да укажеме на непрофесионалното постапување и известување на голем дел од порталите/медиумите, кои без претходна потврда на веродостојноста на објавените информации пренесоа голем број на невистинити, односно лажни информации поврзани со ТА Нехар Травел, а кои што накратко се однесуваат на следното: ·

Информацијата дека агенцијата организирала туристички аранжмани во високо ризични земји, односно дека постапувала спротивно на забраните на Владата на Република Северна Македонија, е информација која што најостро ја демантираме, а со оглед на фактот дека Црна Гора воопшто не се наоѓа на листата на Светската здравствена организација и Министерството за здравство на С. Македонија и не претставува земја со висок или среден ризик. ·

Информацијата дека агенцијата ги присилувала патниците да не ги откажуваат резервациите, односно да патуваат, претставува апсолутно невистинита информација. Сите патници беа дојдени по сопствена желба и избор.

Информацијата дека возачите на автобусите одбивале да постапат согласно наредбата од надлежните органи, повторно е невистинито и лажно обвинување.

Со ваквото постапување на дел од медиумите, на ТА Нехар Травел е нанесена ненадоместлива штета на угледот граден со години, поради што агенцијата ќе се обрати поединечно до секој портал/медиум со барање за објавување на демант, јавно извинување и повлекување на објавените лажни информации во врска со аранжманот за Црна Гора.

Воедно, сакаме да потенцираме дека и денес на граничниот премин Блаце не постои забрана за движење на патници и возила и непречено се пропуштаат сите возила и автобуси. Во однос на обештетувањето на патниците, ја информираме јавноста дека како и досега ќе постапуваме согласно важечките Општи услови за патување на СКТМ и ТА Нехар Травел“.

 

Next Post
Конвенција на ДПА, 12 март 2020

ЦИВИЛ со соопштение побара од политичките партии да ги почитуваат мерките за заштита од коронавирусот, а не да ги злоупотребуваат за политички рејтинг

Shortcut

Најново

Дерала во Voxeurop: Кога правосудството станува оружје, цената ја плаќа целата држава

August 16, 2026
Ивана Климпуш-Цинцадзе (фото: ЦИВИЛ)

Ексклузивно интервју на украинската пратеничка Климпуш-Цинцадзе за ЦИВИЛ МЕДИА: Слободата е нашата религија!

August 15, 2026

Создавањето и пресоздавањето на кинескиот тоталитаризам

August 15, 2026

Џелал Хоџиќ: Мицкоски трча маратон кон ЕУ, но спринт кон „српскиот свет“ (ВИДЕО)

August 15, 2026
Џабир Дерала

Два јубилеи и една дијагноза

August 15, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk