ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

ВМРО-ДПМНЕ заплашува дека ДУИ и СДСМ планираат дестабилизација, опозицијата бара ОЈО да го повика Мицкоски на сослушување

August 6, 2024 13:48
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски ја алармира или заплашува јавноста дека политичката партија ДУИ подготвува терен за дестабилизација на државата оваа есен.

„Имаме информации добиени од повеќе канали дека раководството на Демократската унија за интеграција (ДУИ) со цел да го заштити капиталот што го создаваше изминатите 20 години ќе преземе чекори во насока на дестабилизирање на државата. Ние како влада имаме целосно право да го браниме територијалниот суверенитет и интегритетот и мирот на граѓаните. Тоа е и целта на една држава. Да почекаме времето да даде одговор, дали тие информации ќе се потврдат или нема да бидат точни“, рече вчера премиерот Мицкоски на заедничката прес конференција со косовскиот премиер Албин Курти.

Денеска и од владејачката ВМРО-ДПМНЕ го повторија ставот на нивниот лидер и премиер Мицкоски, но покрај ДУИ ја придадоа и опозициската СДСМ.

„СДС и ДУИ да кажат кој е планот за дестабилизација и што е целта? Дали СДС и ДУИ заедно го спремаат планот за дестабилизација на државата од есен“, се наведува воденешното соопштение на ВМРО-ДПМНЕ.

На ваквите обвинувања реагираа и ДУИ и СДСМ.

Од ДУИ велат дека се државотворна партија која е „гарант за мирот, стабилноста, благосостојбата и европската иднина на земјата“ додавајќи дека партијата ќе ги преземе сите демократски мерки и средства за да го спречи како што се наведуваат, „понижувањето и мајоризацијата на Албанците преку наметнување на вазали“.

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче изјави дека ако Мицкоски поседува било какви информации за можна дестабилизација или нарушување на мирот во земјата, истите мора итно да ги сподели со надлежните институции. Мицкоски од вчера молчи на повиците на СДСМ и претседателот Филипче да ги објави наводните информации за дестабилизација на државата од страна на политичка партија.

„Доколку Мицкоски вистински поседува информации тој е должен итно да ги информира институциите, зошто тоа не го прави? Премиер кој кажува дека има информации за нарушување на безбедносната состојба и мирот во земјата, а ништо не презема околу тоа е директен соучесник на евентуално сценарио.

Доколку тоа го прави само за да ги заплаши граѓаните и да манипулира со нивните чувства обидувајќи се да ја смени темата од скандалите кои ја пратат неговата влада, тогаш станува збор за човек кој му мисли лошо на својот народ. Секоја најава за дестабилизација значи грч за граѓаните, грч за економијата, страв и тензија во општеството. Доколку тоа Мицкоски го прави без основа и без да преземе конкретни чекори, Мицкоски е тој што дестабилизира. Бараме итно да се произнесе прецизно по ова тврдење, бараме Сиљановска Давкова да го свика Советот за безбедност ако е воопшто конституиран. Бараме обвинителството да покрене истрага и да го вике Мицкоски на сослушување, велат од СДСМ.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и за време на изборната кампања (на 30 април 2024) истакна дека вооружена група се движи низ Чаир и Бутел и дека нив ги координира соработник на Али Ахмети.

„Али Ахмети точно знае што зборувам и точно знае неговиот соработник кој уживаше привилегии во претседателски апартман во луксузен хотел во Истанбул. Тој ја координира таа група што се движи на територија на општина Бутел и Чаир. Ги знаеме лицата и знаеме што прават, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за наводно вооружени лица што се собирале во Чаир.

Од ДУИ тогаш возвратија дека Мицкоски и ВМРО со лажни вести измислуваат, дезинформираат и оцрнуваат сè што е албанско.

„Свесен и исплашен дека нивните слуги од албанската опозиција ќе претрпат длабок пораз, Мицкоски намерно ги загрозува меѓуетничките односи предизвикувајќи страв од дестабилизација на ситуацијата, која е желба и главна цел на проруските центри во Северна Македонија“, истакнаа од ДУИ.

Изборите поминаа, вооружена група немаше, ниту имаше уапсени лица за кои Мицкоски тврдеше дека ги знае и има има докази. Колку за потсетување, за време на техничката влада со Министерството за внатрешни работи раководеше актуелниот министер Панче Тошковски, од ВМРО-ДПМНЕ.

Дали заплашувањето дека ДУИ и СДСМ ќе се обидат да ја дестабилизираат државата оваа есен е уште една (дез)информација како заплашувањето од наводна вооружена група контролирана од ДИУ за време на изборната кампања или навистина постои закана за мирот и стабилноста?

Дехран Муратов / Цивил Медиа

Next Post

РУСКИ РАКЕТЕН ТЕРОР: Погодена зградата на клиниката во центарот на Харкив, 11 украински области беа под руски напади, најмалку тројца загинаа и 19 повредени лица

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Жените повторно на маргините на локалната политика – само 4 градоначалнички од 309 кандидати

November 3, 2025

Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов – кандидати за пратеници наместо Бети Стаменковска Трајковска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои се избрани за градоначалници

November 3, 2025
генерирано со ВИ

Дончиќ за натпреварот со Мајами: Можевме да постигнеме 150 поени

November 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: МИА

    Мицкоски: Факт е дека гласачите од ВЛЕН не излегоа и не го поддржаа Орце Ѓоргиевски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ првични резултати: Ѓорѓиевски со тројна предност пред Мециновиќ во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК ги објави конечните резултати за советници во 80 општини; Прегласување само во Шуто Оризари

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ пред победа во 21 општина, ВРЕДИ во 4, СДСМ во 3, НАИ во 1, ЗНАМ во 1, Унија на Роми во 1

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk