На премиерата на филмот заснован на најпродаваниот роман на американската писателка Колин Хувер – „Ова завршува со нас“ (It Ends With Us), во Лондон, синоќа глумицата Блејк Лајвли се појави во едноставен, а елегантен костум со цветни детали. И нејзината колешка од филмот, Изабела Ферер носеше фустан со цветни мотиви.
View this post on Instagram
На првото прикажување на романтичната драма во британската престолнина, Лајвли рече дека претворањето на романот во филм е „голема одговорност, но и можност“.
– Кога треба да ги исполниш очекувањата на група луѓе кои се толку страсно поврзани за изворната приказна… Да можеш да ги исполниш очекувањата на луѓето на кои толку многу им е грижа – тоа е прекрасно!, рече глумицата.
View this post on Instagram
Во филмот таа ја глуми американската цвеќарка Лили Блум од Бостон, која се вљубува во згодниот неврохирург Рајл Кинкејд, кого го игра Џастин Балдони, кој е и режисер на филмот. Како што нивната врска станува посериозна, Рајл почнува да покажува особини коишто ја потсетуваат Лили на нездравото однесување на татко ѝ, предизвикувајќи ја нејзината траума од детството и создавајќи нездрава средина за заеднички живот…
Сценариото го напиша Кристи Хол.
Романот „Ова завршува со нас“ е продаден во повеќе од шест милиони примероци од неговото објавување во 2016 година. Филмот се прикажува ширум светот само два дена и засега на ИМДБ има оценка 7,2 / 10, Од 1.100 оценувачи. На „Ротен томатос“ го препорачуваат 95 отсто од гледачите и 57 отсто од критичарите.