Кејт Мидлтон, принцезата од Велс потврди дека со „олеснување“ завршила со лекувањето на ракот, пренесува „Variety“.
„Последните девет месеци беа неверојатно тешки за нас како семејство“, рече таа во изјавата. Животот како што знаете може да се смени за миг и моравме да најдеме начин да се движиме по бурните води и непознатиот пат. Патувањето со ракот е сложено, страшно и непредвидливо за сите, особено за најблиските“.
Изјавата беше придружена со видео монтажа на Кетрин со нејзиниот сопруг и децата.
A message from Catherine, The Princess of Wales
As the summer comes to an end, I cannot tell you what a relief it is to have finally completed my chemotherapy treatment.
The last nine months have been incredibly tough for us as a family. Life as you know it can change in an… pic.twitter.com/9S1W8sDHUL
— The Prince and Princess of Wales (@KensingtonRoyal) September 9, 2024
Таа додаде дека „со нетрпение очекува да се врати на работа и да преземе уште неколку јавни ангажмани во наредните месеци кога ќе може“.
Принцезата Кејт Мидлтон која е во брак со престолонаследникот принцот Вилијам, е на лекување од јануари, кога беше примена во болница на „абдоминална операција“.
Подготви: Ј. Ѓ.