Акил, познат и како Тахсин, е клучен оперативец на Хезболах од основањето на групата во раните 1980-ти, јави Ал Џезира.
Како и повеќето високи воени функционери на Хезболах, Акил беше фигура во сенка, не даваше јавни изјави, ниту имаше јавни настапи.
Според американскиот Стејт департмент, тој служел во највисокото воено тело на групата – Џихадискиот совет.
САД минатата година распишаа награда од седум милиони долари за информации што ќе доведат до негова идентификација или апсење. Вашингтон го обвини за вмешаност во самоубиствен бомбашки напад врз американските поморски касарни во Бејрут во 1983 година, во кој загинаа 241 Американец за време на либанската граѓанска војна.
Во 2019 година, САД го прогласи за „глобален терорист“.
Иако либанската група не го објавува рангот на своите членови, израелската војска тврди дека Акил бил шеф на единицата Радван, елитните сили на Хезболах.