ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Перински: Сто дена посветени за секој граѓанин и секоја општина, инвестирани над 1 милијарда денари и 200 проекти

October 2, 2024 12:09
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

„Изминативе 100 дена бевме посветени на секој граѓанин и секоја општина, инвестирани се над 1 милијарда денари во речиси 200 различни инфраструктурни проекти во сите осум плански региони низ земјава. Реконструкција и изградба на патишта, адаптација и реконструкција на објекти во енергетско ефикасни згради, реконструкција на објекти од областа на образованието и социјалната и здравствена заштита, подобрување на инфраструктурата на туристичко – излетнички места, се само дел од проектните стратегии кои ги имплементиравме за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните“, истакна министерот за локална самоуправа, Златко Перински, на денешната презентација на активностите и проектите од неговиот ресор во изминативе 100 дена од новата Влада.

Тој посочи дека уште првиот ден откако стапил на функцијата, настапил со силна посветеност, голем елан и искрена желба за подобрување на функционирањето на системот на локалната самоуправа, на секој регион, секоја општина, за подобрување на квалитетот на живот на секој еден граѓанин.

Дел од проектите, информираше Перински, се имплементираат преку Бирото за регионален развој, некои во соработка со општините, а има и проекти кое се резултат на партнерските односи на Министерството за локална самоуправа со Швајцарската агенција за обнова и развој, како и со проектните партнери на локалната самоуправа како УНДП, ОБСЕ мисијата и Националниот Демократски Институт – НДИ.

Важен сегмент од инвестицискиот план, посочи министерот, се и проектите од ИПА Програмата, во соработка со сите пет соседни земји кои заеднички придонесуваат за развој на пограничните региони.

„Овие 100 дена беа период на интензивна работа, во кој успеавме да ги надминеме наследените предизвици и да разработиме систем кој максимално ги искористува сите капацитети и ресурси за постигнување на нашите зацртани цели. Со максимална посветеност и ангажман, започнавме со реализација на поставените приоритети. Успеавме да детектираме и адресираме многу од пропустите со кои до неодамна се соочуваа општините, што резултираше со подобрување на квалитетот на испорачаните јавни услуги и подобрување на секојдневието на граѓаните“, истакна Перински, кој посочи дека преку Бирото за рамномерен регионален развој, во тековната година се реализираат 129 проекти во области како енергетска ефикасност, инфраструктура, заштита на животната средина и развој на туризмот.

Во рамките на Програмата за рамномерен регионален развој, посочи министерот, активно се спроведуваат и 12 дополнителни проекти кои вклучуваат реконструкција и проширување на локални патишта, пешачки и велосипедски патеки, се реализираат проекти за изградба на канализациона мрежа, а дополнително, се спроведува истражување за паметна специјализација за реален развој на Пелагонискиот плански регион и опремување на „Ѓаконикон” во манастирот Св. Јован Бигорски“.

Во својот отчет, Перински ги наведе и десетте проекти кои Министерството за локална самоуправа ги имплементира во сите осум плански региони со поддршка на Швајцарската агенција за обнова и развој и Владата на Швајцарија, меѓу кои се проектите за подобрување на здравствените услуги во Југозападниот регион преку опремување на современ Центар за физикална терапија во „Св. Еразмо“ во Охрид, реконструкција на охридската специјализирана болница за срцеви заболувања и реконструкција на ЈЗУ „Нефрологија“ во Струга, изградба на Регионален центар за бездомни миленици наменет за деветте општини од Вардарскиот регион, како и зголемување на капацитетноста и условите за престој во Дом за стари лица во Берово и зајакнување на капацитетите за заштита и превенција од пожари во микро регионот на Куманово, Липково, Старо Нагоричане и Ранковце.

„Во периодот што следува, со поддршка на канцеларијата на Програмата за развој на Обединетите Нации – УНДП, ставаме фокус на примената на Законот за локалната самоуправа. Овој исклучително важен и во основа добар закон, веруваме дека има простор уште повеќе да се подобри преку системска анализа на одредени слабости кои ги воочуваме во нашиот систем и преку предлагање на соодветни решенија во согласност со најдобрите европски искуства. Во оваа смисла, со поддршка на УНДП, во периодот што следува ќе се формира група од домашни и од меѓународни експерти која ќе ги истражи најдобрите практики кои треба да овозможат уште поголема функционалност на општините, во интерес на испорачување на поквалитетни услуги на граѓаните. Правиме маскимални напори да целата оваа процедура се заврши до локалните избори, за да може новите општински власти да работат согласно измените и дополнувањата на овој важен фундаментален акт“, најави Перински, кој потенцираше дека подготовката на новото законско решение ќе се крои преку широки јавни дебати. Дополнително, со партнерство со УНДП, како што информираше министерот, ќе продолжи зајакнувањето на капацитетите на општините во насока на нивна поголема транспарентност и отчетност и за таа цел предвидено е во наредниот период да бидат опфатени 40 општини во рамки на соодветниот проект.

„Делуваме и во насока за ажурирање на општинските бази на податоци на даночни обврзници за поефикасно собирање на средствата од данок на имот и од комунални такси. Продолжуваме со дигитализација на општините. Во моментов има 23 општини плус Градот Скопје кои својот систем го имаат поврзано со ЛоГес системот, а планот е во текот на наредната година кон системот да се вклучат уште 29 општини, а во 2026 година уште 28 општини. Доколку ја реализираме оваа динамика, за две години ќе имаме целосно дигитализирани општини во државата“, најави министерот, кој периодов, меѓудругото, е фокусиран на јавниот повик до општините за доделување средства за реализација на инфраструктурни проекти со пари од државниот буџет. На повикот пристигнати се вкупно 358 апликативни формулари од вкупно 80 општини.

Деновиве, посочи Перински, се очекува ресорните министерства да ги достават подготвените извештаи со предлог проекти за финансирање до Владата и истите да бидат предмет на разгледување на некоја од следните владини седници на која ќе се донесе одлука кои проекти ќе се финансираат со предвидените 100 милиони евра од државниот буџет наменети за оваа година.

Во петнаесетминутниот детален отчет за сработеното во изминативе 100 дена, министерот го презентираше и својот личен проект, т.н. платформа „сподели“ преку која граѓаните можат да му се обратат со било каков проблем, предлог, критика, идеја.

„ spodeli@mls.gov.mk претставува моја лична заложба, ветување и посебен фокус. Целта е во улога на медијатор да се обидам да посредувам во решавање на нивните проблеми. Преку сите реализирани проекти во овие 100 дена, сакам да покажеме и верувам дека успеавме да ставиме крај на селективниот пристап, односно дека започнуваме нова ера на инклузивност кон сите граѓани и кон сите општини. И скопски Центар, и Чаир, и Куманово, и Гевгелија, но и Струмица и Дебар – за нас сите општини и граѓани се исти, подеднакво важни и се дел од нашата визија за пофункционални општини за подобар и поквалитетен живот за сите“, истакна министерот Перински, според кого изминативе 100 дена не биле лесни, а претставуваат почеток на еден долгорочен пат.

„Ќе продолжиме уште понапорно, уште попосветено и уште порешително во периодот што следува. Ова го правиме не само за да ги исполниме ветувањата, туку првенствено затоа што сакаме да создадеме трајни промени кои ќе имаат позитивен импакт подеднакво врз секој граѓанин и врз секоја општина во нашата земја. Денес, нашата цел е кристално јасна: со 100% посветеност ќе ја продолжиме реализацијата на проектите и ќе ја оправдаме довербата што граѓаните ни ја дадоа. Довербата на граѓаните е нашиот најсилен мотив и ние сме обврзани да ја оправдаме со конкретни дела“, резимираше министерот во отчетот пред новинарите.

Tags: 100 дена владаПерински
Next Post

Тренчевска, 100 дена Влада: Платите се намалуваат, се враќа политиката на евтина работна сила

НАЈНОВО

фото: пиксабеј

Историскиот центар на Истанбул ќе стане пешачка зона

August 19, 2025

Алкараз и Ига Швјонтек победници на Мастерсот во Синсинати

August 19, 2025

Федерацијата со апел до навивачите да дадат поддршка на македонските кошаркарки за мечот со Унгарија

August 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Џабир Дерала, Форум за мир и дијалог, 13 август 2023 (фото: Рилинд Сулејмани)

    Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВО ЖИВО) Зеленски му го предаде на Трамп писмото од украинската прва дама до Меланија Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Македонската фарса на ветувањата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Истражување: Витамините Б-2 и Б-7 ја ублажуваат Паркинсоновата болест

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Додик: Нема да ја почитувам одлуката, останувам претседател на РС

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk