ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Камерната опера од Благоевград, Бугарија настапи во Крива Паланка

October 18, 2024 09:05
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Оперските композиции од Моцарт, Пучини, Доницети, Верди и многу други во изведба на Камерата опера на Благоевград, Бугарија, синоќа ја импресионираа публиката во градот на културата – Крива Паланка, со маестралната изведба на врвните солисти кои на сцената на НУ Центар за култура ја изведоа операта “Трите тенори и уште нешто…”

Публиката имаше можност да ужива во првиот настап на камерната опера со настап на оперски пејачи, оркестар и балетски играчи. На сцената блеснаа врвните тенори:  Јуриј Николов, Михаил Михајлов и Георги Динев, во придружба на оркестарот од Камерната опера од Благоевград под диригентска палка на маестро Георги Еленков и концерт-мајсторот Стоил Богданов.

-Наидовме на прекрасен прием, убави емоции од страна на публиката што ни даде елан да го исполниме концертот со таква посебна енергија и да Ви го претставиме тоа што најдобро го знаеме, а тоа е да пееме и да го претставиме нашето искуство.Приемот од публиката на Крива Паланка беше топол и срдечен и се надевам ќе имаме уште многу прилики да бидеме повторно ваши гости. Репертоарот опфати оперски композиции од Моцарт, Доницети, Пучини, но наша интенција е секогаш да работиме опери кои се прекрасни и истовремено комични, за да ѝ се допаднат на публиката. Нашата последна опера е “Дон Пасквале” од Гаетано Доницети и се надевам ќе можеме да гостуваме со таа фантастична опера повторно и да ја зарадуваме публиката на Крива Паланка, изјави Јуриј Николов.

На концертот присуствуваше и заменик градоначалникот на Благоевград, кој ги пренесе пораките од градоначалникот на Општина Благоевград, Методи Бајкушев, во знак на почит и благодарност за соработката, промоција на културата, од страна на организаторот, Општина Крива Паланка и институциите од областа на културата, пред се, директорот на ЛУ Градски музеј Крива Паланка на чијашто покана се оствари соработката.

Настанот е дел од манифестацијата “Крива Паланка – Град на културата” и “Есенски музички вибрации”.

Tags: Камерна опера БлагоевградКрива Паланка
Next Post

Изложба на стрипови и прогласување победници од конкурсот „Преку уметност до родова еднаквост“

НАЈНОВО

Двајца министри поднесоа оставки по убиството во Ново Место во Словенија

October 26, 2025

Собранието на Косово не го избра Курти за премиер, се поверојатни нови избори

October 26, 2025
Фото: Фејсбук страница на Христијан Мицкоски

Мицкоски од Брвеница: Ние како Влада со ист критериум инвестиравме во сите општини, така се гради соживот

October 26, 2025

НАЈЧИТАНО

Plugin Install : Popular Post Widget need JNews - View Counter to be installed

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk