Во израелски напад рано утринава, најмалку тројца медиумски работници се убиени во пансион во кој престојувале уште неколку други новинари, јавуваат либанските медиуми.
Во нападот на ИДФ загинале снимател и инженер кои работеле за проиранскиот медиум Ал-Мајадин и снимател кој работел за телевизијата Ал-Манар на Хезболах.
Другите новинари изјавиле дека во нападот директно бил погоден бунгаловот во кој спиеле членовите на споменатите медиуми, пренесуваат британските медиуми.