Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска го предупреди Техеран да не покренува каква било „ескалација“ по нападот на Израел изминатата ноќ на иранска територија.
„Мојата порака до Иран е јасна: масовните реакции на ескалација не смеат да продолжат. Тоа мора веднаш да престане“, напиша Шолц на платформата „Икс“.
Тој посочи дека прекинот на низата заострувања „ќе ја отвори можноста за мирен развој на Блискиот Исток“.
Шолц повика на прекин на огнот во Газа и Либан и на ослободување на сите заложници кои ги држи Хамас.
Поврзано:
Израел утрово нападна ирански воени локации, загинати војници и оштетени воени бази