Израелската армија (ИДФ) денеска соопшти дека при неодамнешниот воздушен напад врз Набати, јужен Либан, убиен е заменик командантот на елитната единица на Хезболах, Радван, Мустафа Ахмад Шахади.
Во соопштението се наведува дека елиминацијата на Шахади е со цел да се намали способноста на силите Радван да „спроведуваат терористички активности врз ИДФ и заедниците на северната граница“.
Претходно, Шахади раководеше со Радван силите во Сирија во периодот од 2012 до 2017 година.