Уставниот суд на Молдавија денеска соопшти дека ги признава резултатите од референдумот одржан на 20 октомври, на кој со тесно мнозинство гласови е дадена поддршка за аспирациите на земјата за влез во ЕУ.
Според резултатите од референдумот, 50,08 отсто од гласачите гласаа за европска интеграција, а 49,92 отсто биле против.
Судската одлука го отвора патот за Молдавија да го промени својот Устав за да ги потврди нејзините напори за пристапување во Европската унија