ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Спасовски: Државата продолжува да функционира, а правата и слободите не се ограничуваат по автоматизам

Нема одлука за нови рестрикции во движењето и извршувањето на професионалните обврски на граѓаните. Исклучок од ова, сега за сега, се само подрачјата на општините Дебар и Центар Жупа, бидејќи тие региони се утврдени жаришта на вирусот и таму имаме кризна состојба. Ќе направиме сѐ оваа состојба колку што може побргу да се смени на подобро

March 18, 2020 21:26
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во вонредна состојба државата и општеството продолжуваат да функционираат, а правата и слободите не се ограничуваат по автоматизам, истакнува премиерот Оливер Спасовски во објавата на Фејсбук. Посочува дека вонредната состојба што ја прогласи претседателот Стево Пендаровски ѝ дава можности на Владата да обезбеди услови за брзо и ефикасно спроведување на мерките за превенција и заштита на здравствената состојба на граѓаните, како и услови за стопанството и економијата нормално да функционираат.

– Оваа одлука не значи никаков застој во слободниот транспорт, ниту во делот на прехранбените потреби на граѓаните, ниту во делот на снабдувањето на болниците и аптеките. Утре сѐ продолжува да функционера во секојдневниот живот исто како и денес.

Нема одлука за нови рестрикции во движењето и извршувањето на професионалните обврски на граѓаните. Исклучок од ова, сега за сега, се само подрачјата на општините Дебар и Центар Жупа, бидејќи тие региони се утврдени жаришта на вирусот и таму имаме кризна состојба. Ќе направиме сѐ оваа состојба колку што може побргу да се смени на подобро.

Остануваат мерките со кои се забранети сите јавни собири на отворено и во затворени објекти. Сега ќе се засилат контролите спроведувањето на овие мерки за доброто на граѓаните.

За секоја нова одлука што ќе се носи и што ќе биде поврзана со вонредната состојба јавност ќе биде информирана на редовна дневна основа, а за спроведување на тие одлуки ќе бидат донесени соодветни упатства и врз основа на тоа ќе биде многу јасно кој и како треба да се однесува.

Какви одлуки ќе се носат, ќе зависи од сите нас. Од тоа како се однесуваме. Ако почитуваме мерки, ако ги следиме препораките, за заштитата на нашите семејства и за наша лична заштита и за заштита на околината во која живееме, тогаш ќе поминеме многу полесно, порачува премиерот Оливер Спасовски.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Next Post

Михаел Рот утре во „виртуелна посета“ на Скопје

НАЈНОВО

(ВИДЕО) Руски напад со дрон врз патнички воз во Украина – најмалку 30 цивили повредени

October 4, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Двајца убиени и петмина повредени во престрелка во Ница

October 4, 2025

Кузеска: Мицкоски потпишал договор со фирмата што ја нарекуваше „епски криминал“

October 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Филипче: Скандал, ДПМНЕ склучи договор со ИРД за надзор, фирмата која беше за нив криминална

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Душата е важна, но не без ич мозок!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Реакција од Белата куќа на шегата на Еди Рама со Макрон и Алиев

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Мисијата е силен застапник на Охридскиот рамковен договор“ – ОБСЕ со порака по одлуката за укинување на двојазичноста на униформите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Изјавите на Мицкоски за Кочани се апсолутен недостаток на емпатија и се на граница на социопатија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk