На 11 Октомври се сеќаваме на минатото, на борбата за слобода. На овој ден, пред три години бев горд што бев на првата линија, заедно со илјадници македонски граѓанки и граѓани што и тогаш се бореа за слобода. Горд сум на извојуваните победи за слобода, спремен сум за новите борби што ѝ претстојат на мојата земја.
Во свое и во името на сите мои другарки и другари, колешки и колеги, ни го честитам 11 Октомври – Денот на народното востание.
Борбата продолжува!
Да живее Република Северна Македонија!
Џабир Дерала