ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Трајчулевски: Со оваа власт се враќаме во режимот кога судбината на судиите и јавните обвинители зависеше во кое тефтерче се запишани

December 11, 2024 12:03
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Над наводни заложби на власта, за реформи во судството и правосудството, се крие враќањето во времето на режимот, кога судбината на судиите и јавните обвинители зависеше од тоа во кое тефтерче се запишани, рече пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулевски, во дебатната емисија „Само вистина“ на Канал 5.

– Денес на собраниска седница имавме назначување на член на совет на јавни обвинители кој е истакнат партиски активист на една од коалициските партии. Па, ако по утрото денот се познава, сметам дека, на тој начин нема да ја вратиме довербата во судството. Нема да ја вратиме и доколку фундаментот на промената е да ги избркаме нивните за да ги вратиме нашите. Единствен начин да ја вратиме довербата во правосудниот систем е да ги задржиме најдобрите, најквалитетните кадри, кој во овој момент ќе ги убедиме дека тие нема да трпат никакви политички притисоци и влијанија додека носат одлуки и одлучуваат согласно законот, рече Трајчулевски.

Тој потенцираше не може целата судска фела да биде ставена во ист кош, затоа што сепак таму има и чесни луѓе кои професионално си ја вршат својата работа.

– Но, примерот кој е очигледен последните 3 месеци и кој не доби доволно медиумско внимание, е начинот на кој се назначуваат членовите на второстепените државни комисии. И тие се дел од системот на управна постапка по кој треба независно да одлучуваат. Или пак дел од регулаторните тела, каде што имате претседател на ДПМНЕ за дигитализација кој е ставен за член на Агенцијата за електронски комуникации. Или, имате претседателката на форум на жени на ДПМНЕ од Битола, која е ставена за член Агенцијата за електронски комуникации. Значи, она што е суштината и што било болна страна во нашата држава, е следењето на комуникации. И сега, кога сме кај Советот за граѓански надзор на следењето на комуникации, сите, од еден до последен се луѓе кои се високи партиски активисти на коалицијата на власта. Така што, зад најавените реформи во судството, се крие враќање во времето на режимот,  рече Трајчулевски.

 

Tags: Митко Трајчулевски
Next Post
Фото: ТАВ/ЕВН

ЕВН и ТАВ поставија полначи за електрични автомобили на аеродромите во Скопје и во Охрид

Shortcut

Најново

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Рускиот терор продолжува, Путин би преговарал со Трамп и Си – ЦИВИЛ: Ништо за Украина без Украина

October 19, 2026
Фото: Генерирано со ВИ

Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и НАИ ќе се соочат во вториот круг за градоначалник на Брвеница

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026
Протести во Албанија, октомври 2026 (globalnews.ca)

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ) Генерацијата на гневот: Младите ја тресат Европа, полицијата возврати со бруталност и грубо кршење на човековите права

October 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk