ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Иран прифати зголемен мониторинг од МААЕ

December 13, 2024 18:08
in ДЕНЕС, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Според доверлив документ на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Иран се согласил на зголемен мониторинг од страна на МААЕ во замена за зголемување на нивото на производство на високо збогатен ураниум, пренесува МИА.

Иран на почетокот од месецот најави дека ќе почне со напојување на новите центрифуги на локацијата Фордо, централен Иран, „со долгорочен ефект на значително зголемување на стапката на производство на збогатен ураниум до 60 проценти“. Се очекува производството да се зголеми на повеќе од 34 килограми месечно, во споредба со 4,7 килограми регистрирани во изминатиот период.

Затоа МААЕ побара повторно процена и инспекции за да се осигури дека локацијата во Иран „не се користи за производство на ураниум на повисоко ниво од пријавеното збогатување“ и дека нема „проневера на пријавениот нуклеарен материјал“.

Иран го прифати барањето на Агенцијата за зголемување на зачестеноста и интензитетот на мерките за надзор, се истакнува во документот на МААЕ.

За производство на атомска бомба, потребен е збогатен ураниум до 90 проценти.

Иран во 2015 година склучи договор со Франција, Германија, Велика Британија, Кина, Русија и САД за регулирање на нуклеарната програма, а за возврат да се намалат меѓународните санкции против Техеран. Но, во 2018 година, тогашниот американски претседател Доналд Трамп еднострано ги повлече САД од Договорот и повторно воведе санкции кон Иран. Како одговор, Техеран ги зголеми резервите на збогатен ураниум на 60 отсто.

Иран тврди дека нуклеарна енергија е за цивилни цели и негира дека сака да се стекне со атомска бомба, во што се сомневаат западните земји.

Tags: ИранМААЕ
Next Post

Во Софија средба на Историската комисија - се разговарало за евентуални заеднички честувања и за препораките за македонските учебници за 7 одделение

Shortcut

Најново

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk