Организацискиот секретар на СДСМ, Мартин Костовски, во одговор на новинарско прашање истакна дека акцијата против кланот Беланоца е почната во 2023 година, и дека министерот Тошковски „се кити со туѓи перја“.
„Китењето со туѓи перја на оваа влада основна одлика. Прво акцијата е започната уште во 2023 како што кажа и самиот Тошковски, факт кој не можешѓе да го скрие. Тоа не е никаква акција која тој самиот или оваа Влада ја направиле туку е акција која е наслдена и целосно разработена. Потоа, од 18 лица кои се опфатени во истрагата како што вели Тошковски, 9 се веќе во затвор. Еден од тие кои се во затвор беше помилуван од Силјановска па потоа го вратија. Тошковски и ВМРО-ДПМНЕ имаат обезбедено само 4 лица, а од преостанатите 9 а 5 им се во бегство. Добро е Тошковски и ВМРО-ДПМНЕ да престанатат да мислат дека светот започнал со нив“, истакна Костовски.