На вториот ден од протестите на опозицијата во главниот град на Либерија, Монровија запалена е зградата на Парламентот.
Парламентот вторпат гори за една недела, а причината за пожарот сè уште не е соопштена.
Претседателот на Либерија, Џозеф Боакаи нареди истрага за инцидентот, кој го оцени како „безобразно разорување на земјата“.
Полицијата вчера приведе десетина демонстранти и употреби солзавец за растерување на толпата.
Протестите во Либерија уследија по повеќемесечните тензии дали претседателот на Претставничкиот дом на Парламентот, Конати Кофа ќе биде сменет поради корупција. Демонстрантите покрај смена на Кофа бараат и оставка од претседателот Боакаи.