ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Новиот лидер на Сирија порача дека сето оружје во земјата ќе биде под „државна контрола“

December 23, 2024 13:21
in ДЕНЕС, СВЕТ
Ahmed Al Sharaa, photo/Fb

Ahmed Al Sharaa, photo/Fb

Две недели по преземањето на власта, новиот сириски водач Ахмед ал Шара изјави  дека оружјето во земјата, вклучително и она што го држат силите предводени од Курдите, ќе биде ставено под државна контрола.

Шара зборуваше заедно со турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан, по претходна средба со водачите на либанските Друзи и вети дека ќе стави крај на „негативното мешање“ во соседната земја.

Бунтовниците поддржани од Анкара одиграа клучна улога во поддршката на исламистичката група на Шара,  Хајат Тахрир ал-Шам (ХТС), која беше на чело на бунтовничката алијанса што го зазеде Дамаск на 8 декември, соборувајќи го долгогодишниот владетел Башар ал Асад.

За време на прес-конференцијата со Фидан, Шара рече дека сириските вооружени „фракции ќе почнат да објавуваат распуштање и да влезат“ во армијата.

„Апсолутно нема да дозволиме да има оружје во земјата надвор од државната контрола, било од револуционерните фракции или од фракциите присутни во областа на СДФ“, додаде тој, мислејќи на Сириските демократски сили предводени од Курдите.

Шара ја замени маслинесто-зелената воена кошула што ја носеше пред само неколку дена за костум и вратоврска за време на неговите состаноци во неделата во претседателската палата.

Тој понатаму порача дека малцинствата и сектите ќе бидат заштитени од државата.

„Работиме на заштита на сектите и малцинствата од какви било напади што ќе се случат меѓу нив“ и од „надворешни“ актери кои ја искористуваат ситуацијата „за да предизвикаат секташки раздор“.

Во речиси  14-годишната граѓанска војна во Сирија убиени се повеќе од половина милион луѓе и раселени повеќе од половина од нејзиното население, при што многу од нив побегнаа во соседните земји, вклучително и 3 милиони во Турција.

Д. Т./Цивил Медиа

Tags: ЛидерОружјеСирија
Next Post

Демократијата ќе победи: Нашето ветување за неуморна борба за праведен и слободен свет

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

САД нема да испратат војници во Украина, но можна е воздушна поддршка, вели Трамп

August 20, 2025

САД го прошируваат списокот на производи од челик и алуминиум со високи царини, автоиндустријата реагира

August 20, 2025

Трамп од Орбан побарал укинување на ветото за членство на Украина во ЕУ

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk