Претседателот Џо Бајден ја коментираше одлуката на Мета да се ослободи од проверувачите на факти и ја нарече срамна. Извршниот директор на Мета, Марк Цукерберг во вторникот ги најави промените во политиката на компанијата.
„Проверувачите на факти беа премногу политички пристрасни и уништија повеќе доверба отколку што создадоа“, рече Цукерберг.
Бајден ги коментораше промените во процесот на проверка на фактите на Мета, непосредно пред новоизбраниот претседател Доналд Трамп да ја преземе функцијата.
„Идејата е дека милијардер може да купи нешто и да каже: „Патем, од овој момент, ние нема да проверуваме ништо, а милиони луѓе влегуваат на интернет и ги читаат овие работи. Мислам дека тоа е навистина срамно“, рече Бајден.
Во 2016 година, компанијата започна независна програма за проверка на фактите, по тврдењата дека не успеала да ги спречи странските актери да ги користат нејзините платформи за да шират дезинформации и да сеат раздор меѓу Американците. Во годините потоа, продолжи да се бори со ширењето на контроверзни содржини на својата платформа, како што се дезинформации за избори, приказни против вакцинација, насилство и говор на омраза. Но, неодамна Цукерберг ги заследи стапките на колегата лидер на социјалните медиуми, Илон Маск, кој, откако го купи X, тогаш познат како Твитер, во 2022 година, ги растури тимовите на компанијата за проверка на факти и направи етикети за контекст генерирани од корисниците, наречени „белешки на заедницата, “ како единствен метод на платформата за корекција на лажни тврдења.
Извор: Мета.мк