ЦИВИЛ – Центар за слобода се придружи на повикот на хрватската фондација за човекови права СОЛИДАРНА, за потпишување на писмото до институциите на Европската унија, во кое се укажува и алармира за угнетувањето и вознемирувањето на граѓански активисти од регионот, од страна на српскиот режим.
Од СОЛИДАРНА изразија вознемиреност и алармираа за притворањето и неправедната депортација на граѓански активисти од Хрватска, Словенија, Романија, Албанија и Северна Македонија, кои учествуваа на Академијата на НВО Ерсте Штифтунг во Белград, кои биле приведени во текот на ноќта, сослушани без докази, етикетирани како „закани за националната безбедност“ и добиле забрана за влез во Србија на една година.
„Овој најнов инцидент покренува сериозна загриженост за почитувањето на човековите права и слободи во Србија, особено за безбедноста на луѓето и организациите вклучени во активизмот за човекови права на локално ниво и ширум регионот“, се наведува меѓу другото во писмото до највисоките институции на ЕУ.
Од СОЛИДАРНА порачуваат: Намерата е да излеземе заедно низ Европа, а ги покануваме сродните граѓански организации од Балтикот до Балканот да ко-потпишуваат.
ЦИВИЛ -Центар за слобода, како една од првите организации за човекови права и слободи, е потписничка на документот/писмото, кое до сега има над 270 потписници.
ЦИВИЛ – Центар за слобода, како една од организациите потписнички на документот, ги повикува сите граѓански организации во Северна Македонија да се солидаризираат со колегите од регионот, и да бидат ко-потписници на повикот.
Д. Тахири / Цивил Медиа