ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Амбасадата на САД ги запре сите проекти во Македонија, нема пари ни за започнатите

January 27, 2025 16:03
in ДЕНЕС, ОПШТЕСТВО

Амбасадата на САД  од утрово ги информира сите невладини и други организации што веќе имаат добиено, па речиси и реализирано проекти во Македонија – да запрат со реализацијата и ништо да не исплаќаат, во согласност со извршната наредба на новиот претседател Доналд Трамп кој ја замрзна странската помош за сите земји, oсвен за Израел и Египет на 90 дена, објави Независен.

Ваквото барање беше студен туш за сите што веќе работат со амбасадата, бидејќи очекувањата беа дека наредбата ќе се однесува за новите проекти, а не за тековните.

Ова практично е првата последица од новата администрација на САД, а очекувањата се дека ќе има повеќе, откако Трамп ќе почне да се справува со негативниот трговски биланс што го има со Европа, а можно е и македонски граѓани да бидат погодени од депортациите, иако засега нема такви информации.

Генерално, помошта на САД во Македонија се менаџираше преку проекти на амбасадата и преку агенцијата УСАИД, а беше фокусирана на владеење на правото, на сајбер безбедноста, на животната средина, на развој на демократијата, подобрување на конкурентноста, на борба против корупцијата и за поголемо граѓанско учество. Само за судскиот систем САД дадоа речиси половина милијарда долари помош, што беше повод амбасадорката Ангела Агелер да се пожали во една прилика дека „зборувањето не е без пари“, односно дека се потрошени многу пари во јакнење на независноста на правосудството, а довербата во него сѐ уште е многу ниска.

САД даваа помош и за пандемијата (околу милион и пол долари), а вкупно од 1993 година, од кога работат на овој начин со Македонија, дадоа помош од речиси една милијарда долари, надвор од воената. Иако на удар на наредбата се главно невладини организации и медиуми, преку УСАИД помош добиваа и владини и други институции.

Инаку, упатството што во петокот го објави државниот секретар Марк  Рубио, издадено до сите дипломатски и конзуларни претставништва, бара од вработените  да издаваат „наредби за стопирање на работата“ за речиси сите „постојни награди за странска помош“ и тоа веднаш. Според оценката на „Политико“, кој прв ја објави веста, се чини дека тоа оди подалеку од неодамнешната извршна наредба на претседателот Доналд Трамп, која му наложи на Министерството да ги паузира грантови за странска помош на 90 дена во очекување на разгледување од секретарот.

Во соопштението на Стејт департментот за одлуката на Марко Рубио се вели дека државниот секретар иницира преглед на сите програми за странска помош за да се осигури дека тие се ефикасни и конзистентни со надворешната политика на САД во рамките на агендата „Америка прво“.

„Претседателот Трамп јасно изјави дека Соединетите Држави повеќе нема слепо да одвојуваат пари без враќање за американскиот народ. Прегледот и усогласувањето на странската помош во име на вредните даночни обврзници не е само вистинската работа, туку морален императив. Секретарот е горд што ја штити американската инвестиција со намерно и разумно разгледување на тоа како ја трошиме странската помош во странство.

Мандатот од американскиот народ беше јасен – мораме повторно да се фокусираме на американските национални интереси. Одделот и УСАИД многу сериозно ја сфаќаат својата улога како чувари на даночните обврзници. Спроведувањето на оваа извршна наредба и насоките на секретарот ја унапредуваат таа мисија“, стои во соопштението.

Наредбата шокираше некои претставници на Стејт департментот околу широчината на нејзиниот огромен мандат. Упатството би можело да ја отвори американската влада за граѓанска одговорност бидејќи може да се покренат тужби за неисполнети договори доколку се смета дека се прекршени условите, рекоа сегашните и поранешните официјални лица.Во упатството се наведува дека „одлуките дали да се продолжат, изменат или прекинат програмите ќе бидат донесени по прегледот“ од секретарот.

Трамп и републиканците со години го опишуваа како расипничко трошењето за странска помош во администрациите на Барак Обама и Џо Бајден. Сега  очекува Стејт департментот да подготви извештај во рок од 85 дена од издавањето на упатствата за тоа што понатаму.

Извор: Независен

Tags: Амбасада САД
Next Post

Големо повлекување на Кока-Кола од пазари во Европа поради високи нивоа на хлорат

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk