ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Избори во Косово: По прелиминарните резултати на ЦИК, Ветевендосје води со 41,13 отсто гласови, ПДК освои 21,99 а ЛДК 17,68 отсто; Анализи и прогнози за можни и „неможни“ коалиции

February 10, 2025 12:37
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Во Република Косово вчера се одржаа првите редовни парламентарни избори по прогласувањето на независноста во 2008 година, по одржани голем број предвремени избори.

Според прелиминарните  резултати што ги објави Централната изборна комисија на Косово, Движењето Ветевендосје на Албин Курти води со 41,13 отсто или 307.895 гласови освоени на парламентарните избори што се одржаа вчера.

Овој прелиминарен резултат што го објави Централната изборна комисија се базира на пребројување на 88,71 отсто од избирачките места. Во ова пребројување не се вклучени условните гласови, на лицата со посебни потреби и гласовите од странство, кои подоцна ќе се пребројуваат.

Ветевендосје освои околу 41,14 отсто од гласовите, не успевајќи да го повтори успехот на изборите во 2021 година, на кои доби над 50 отсто од гласовите.

Со 21,99 отсто од гласовите втора е Демократската партија на Косово, додека трета Демократската лига на Косово со 17,68 отсто од гласовите.

Алијансата за иднината на Косово освои 7,65 отсто од гласовите.

Српска листа освои 4,05 отсто од гласовите, што значи мнозинство од гласовите на српската заедница во конкуренција со уште пет политички субјекти кои се натпреваруваа за гласовите на оваа заедница.

Конечниот резултат од гласањето ќе го одреди новиот состав на Собранието со 120 пратенички места, додека пратениците потоа ја избираат новата Влада.

Немнозинските заедници имаат 20 загарантирани места во Собранието на Косово. Од нив, десет места се загарантирани за српската заедница.

Проценки и прогнози за коалиции

Актуелниот прелиминарен резултат создава нејасна и неубедлива ситуација за тоа колкав ќе биде бројот на пратенички места во Собранието на Косово за секој политички субјект, како и кој ќе пристапи кон формирањето на новата Влада, велат од Балканската група за политика во Приштина.

„Движењето Ветевендосје има околу 42 отсто, што ќе резултира со 47 пратеници. Со гласовите на дијаспората  можеме да се добијат уште двајца или тројца пратеници. Ако Ветевендосје достигне 49-50 пратенички места во Собранието, ќе има  други калкулации. Ако другите субјекти ја намалат разликата со Ветевендосје, тогаш повторно ќе има други калкулации“, сметаат од Балканска група за политика.

ЦИК претходно објави дека 104.934 гласачи биле регистрирани да гласаат надвор од Косово и 84.525 од нив избрале да гласаат по пошта.

Според проценките на косовкиот аналитичар Артан Мухаџири, досегашните прелиминарни резултати на политичките субјекти на изборите на 9 февруари создаваат неизвесност за точната конфигурација на Собранието и идната Влада на државата.

Врз основа на овие резултати, според него, Движењето Ветевендосје, иако е победник на изборите, нема да може да владее самостојно како во претходниот мандат.

„Ако Движењето Ветевендосје одлучи да направи влада само со малцинства, тогаш ова ќе биде крајно нестабилна влада, бидејќи едвај ќе достигне 61 глас. Плус, може да има проблеми со Српската листа“, посочува Мухаџири за Радио Слободна Европа.

„Доколку опозициските партии се соберат, се обединат и се обидат да формираат Влада, и оваа влада ќе биде нестабилна и со помала веројатност за политичка долговечност.

Движењето Ветевендосје за време на изборната кампања ја отфрли можноста за постизборна коалиција со опозициските партии досега.

Реакции на политичките партии

Повикувајќи се на прелиминарните резултати, лидерот на Движењето Ветевендосје, Албин Курти, доцна во синоќа изјави дека „дури и да се соберат ПДК и ЛДК, тие нема да имаат колку Ветевендосје“.

Курти најави  дека ќе продолжи да владее во коалиција со партиите Гуѕо и Алтернатива, кои се натпреваруваа во изборната листа на Движењето Ветевендосје.

„Ние сме први и ова е потврда за добра, успешна и демократска влада. Нашата коалиција ќе ја формира нашата трета влада… Ние сме победничкиот субјект што ќе ја формира следната влада“, рече Курти.

Демократската партија на Косово позиционирањето како втора политичка сила по изборите го смета за добар резултат за оваа партија.

Портпаролот на ПДК, Блеранд Ставилеци изјави дека овој резултат е „јасен доказ за довербата на граѓаните во нашата визија за Косово“, но не се изјасни дали ПДК е отворена за коалиции.

Претседателот на Демократската лига на Косово, Лумир Абдиџику, го оцени изборниот резултат како демократски.

Но, тој призна дека за ЛДК „резултатот не е задоволителен“ во пропорциите што ги очекуваше оваа партија и не даде никаква изјава за каква било можна коалиција по изборите.

Лидерот на ААК, Рамуш Харадинај, рече дека „опозицијата победила на овие избори“, додавајќи дека со нетрпение очекува „да соработува за создавање на Влада“, мислејќи на можна коалиција по изборите на трите опозициски партии досега.

Од Српска листа, која беше во конкуренција со уште пет партии од српската заедница во Косово, изјавија дека ги добиле сите десет мандати загарантирани за српската заедница во Собранието на Косово.

Српска листа е партија  која ја ужива поддршката на официјален Белград, а од изборите во 2014 година и во сите последователни изборни процеси, ги добива сите мандати загарантирани за српската заедница во Собранието, и беше дел од извршната власт, освен во последниот мандат што го водеше актуелниот премиер Албин Курти.

Првична оценка за течението на изборниот ден

Додека се чекаа прелиминарните резултати од учеството на изборите и пребројувањето на гласачките ливчиња со резултатите на политичките партии, на неколку пати  беше оневозможен пристапот до веб-страницата на ЦИК, за што Изборната комисија доби критики.

Според набљудувачите, изборите биле мирни, со одредени нерегуларности, но без поголеми инциденти.

Одѕивот бил 40,59 отсто од над 1,9 милиони гласачи со право на глас на Косово. На овие избори однапред гласаше и дијаспората, преку пошта, но и физички во некои дипломатски претставништва на Косово во светот.

За разлика од претходните избори, кога изборниот молк започнуваше ден пред гласањето, со овогодинешните законски измени, молкот започна една минута пред отворањето на избирачките места – во 07:00 часот – и траеше до нивното затворање во 19:00 часот.

На изборите за новиот парламентарен состав на 9 февруари се натпреваруваа 28 политички субјекти и еден независен кандидат.

Право на глас на изборите на 9 февруари во Косово имаа 1 милион 970 944 лица, од кои учествуваа околу 40 отсто.

Учеството во гласањето бележи намалување во однос на изборите во 2021 година, кога гласаа над 48 отсто од граѓаните со право на глас. За прв пат гласаа 125.000 млади гласачи.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: избориКосово

НАЈНОВО

Фото: Х. Мицкоски ФБ

СДСМ: Касно му е на Мицкоски да признава дебакл на Владата – кој ќе одговара за хаосот што го создаде?

May 18, 2025

Орбан му се пожали на Руте и побара НАТО да го спречел „клеветењето“ од Украина

May 18, 2025
Фото: Кабинет на претседател на Украина

Зеленски му испрати писмо на Трамп со предлози за соработка во областите на одбраната и трговијата

May 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Австрија победник на Евровизија 2025

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • АД МЕПСО: Поради нискиот транзит и конзум на електрична енергија дојде до краткотраен испад на 110 киловолтната преносна мрежа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДА Македонија ја организираше меѓународната конференција „Сребреница – Совест на светот“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Руското влијание во Србија и Балканот: Геноцид, пропаганда, негирање и хегемонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk