ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

(ИЗБОР) Албански медиуми: Италија бара да се смени договорот со Албанија за мигрантите; Велика Британија размислува за извоз на оружје во Косово; Постизборни дилеми – како да се претвори поразот во победа

February 10, 2025 14:24
in ДЕНЕС, РЕГИОН

Во денешното издание на АЛ-Прес, редакцијата на ЦИВИЛ Медиа одбра неколку содржини од албанските медиуми во регионот.

Во Албанија еден од најглавните наслови е најавата на италијанскиот министер за ЕУ, Томазо Фоти, за промена на договорот за имигрантите  со Албанија, со кој овластувањата би се префрлиле на Тирана.

Во Косово, освен резултатите од вчерашните парламентарни избори, ја одбравме и веста за иницијативата во најава на Британското Министерство за одбрана за потенцијалниот одбранбен извоз во Косово.

Во продолжение се поместени сите содржини од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот.

АЛБАНИЈА 

РТШ: Италија бара  да се смени договорот за имигрантите, надлежностите да преминат на Тирана

Италијанската влада е решена да не ги суспендира договорите со Тирана за имигрантите и поради оваа причина се чини дека подготвува нов декрет со кој овластувањата на прифатните центри во Ѓадер и Шенѓин ќе ги префрли на јурисдикција на Тирана. Сето ова по се изгледа го прави владата на Мелони за да избегне одлуките на Судот во Рим да не го отфрлат престојот на имигрантите и кампот Ѓадри да не остане празен со месеци, пренесува РТШ.

Ова го најави министерот за ЕУ, Томазо Фоти, кој рече дека ќе се види дали Владата ќе интервенира со нова законска уредба „пред одлуката на Европскиот суд на правдата, која може да пристигне најрано до март, кој се очекува да се состане на 25 февруари“.

Во потрага по начин, по три последователни одбивања на притворања на имигранти од страна на судиите за имиграција и Апелациониот суд, владата смета дека центрите може да се управуваат од Тирана, а не од Рим како досега.

Балкан веб- Бериша: Главниот архитект на триумфот на Трамп ќе ја води нашата кампања за победа на изборите на 11 мај

Шефот на Демократската Партија Сали Бериша денеска го претстави шефот на кампањата на Демократската партија, кој е Кристофер Лацивита, кој претходно ја водеше кампањата на Доналд Трамп во САД.

Бериша најави  дека ЛаЦивита ќе ја води кампањата на ПД кон победа на изборите на 11 мај, пренесе Балкан веб.

КОСОВО

РТК: Британија размислува за извоз на оружје на Косово

Британското Министерство за одбрана го истражува потенцијалниот одбранбен извоз во Косово, земајќи ги предвид потенцијалните придобивки што тоа би ги донело, и за безбедноста на Косово и за одбранбената индустрија на ОК, пренесе РТК .

Репортери: Пребројани се 90,13% гласови: ВВ прва со 41%, ПДК втора со 22,37%, ЛДК трета со 17,57%

Движењето Ветевендосје води со 41 отсто од гласовите по пребројувањето на 90,13 отсто од гласовите или 2 илјади 283 кутии од вкупно 2 илјади 533 кутии, покажуваат најновите податоци на Централната изборна комисија ажурирани во 11:07 часот, пренесе Репортери.

На второ место е ПДК со 22,37%, ЛДК трето со 17,57%, а ААК 7,56%.

Додека коалицијата Листа за семејство доби 2,30%.

Бота сот- АГК: Ги повикуваме партиите да не ги попречуваат новинарите во извршувањето на нивните работни задачи

Здружението на новинари на Косово ги повика партиите вклучени во изборниот процес да не ги попречуваат новинарите да известуваат.

Ги повикуваме сите страни да не ги спречуваат новинарите во извршувањето на нивните професионални должности, како и органите на прогонот да гарантираат безбедна средина за нивната работа“, се вели во нивната реакција, пренесе  Бота Сот.

КОЛУМНА

Коха: „Постизборни дилеми. Како поразот да се претвори во победа“

„Ако се оцени врз основа на очекувањата и намерите искажани во кампањата, сите политички партии загубија. Затоа се што беше кажано во текот на кампањата повеќе не важи. Сега политичките партии мора да го претворат поразот во победа со собирање на потребните гласови за создавање на влада. Дури и ВВ од една страна, а другите три партии заедно од друга страна, можат да направат мнозинство само со гласовите на малцинствата. Затоа по овие избори се очекува поголема тежина да имаат пратениците од малцинството.“, посочува авторот Аугустин Палокај во неговото писание ден по изборите во Косово.

Тој се осврнува на начинот на формирање нова влада, кој ќе биде посебен предизвик за партиите учеснички во изборите.

„Така, сега фокусот ќе биде на тоа како резултатите од изборите ќе се преточат во процесот на формирање влада. ВВ треба прва да го добие мандатот за да се обиде да создаде мнозинство. Ако не успее, ако докаже дека капацитетот за градење коалиции не е доволен, тогаш треба да преземе друга партија. Во нормалните земји преговорите за формирање влада траат неколку месеци, во Белгија на пример владата беше формирана пред една недела и тоа по повеќе од осум месеци дискусии. И не помина толку долго откако Белгија ја формираше владата по речиси две години. Од развиените земји и општества имаме и примери како веќе не важи кажаното во кампањата и дека идеолошките разлики не се нужно пречка за коалицирање.“, пишува Авторот Аугустин Палокај во колумната „Постизборни дилеми. Како поразот да се претвори во победа“, објавена во косовскиот дневник Коха.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

Tags: Албански медиумирегион
Next Post

Градоначалникот на Тирана Ерион Велиај уапсен по налог на СПАК

НАЈНОВО

Фото: МИА

Владата правела големи анализи за заштита од високите цени на храната, ќе имало долгорочни мерки

August 22, 2025

Отворање на понудите за трет мобилен оператор, граѓаните со очекувања, пазарот со предизвици

August 22, 2025

Велика Британија, Франција и 19 други земји го осудија планот на Израел за населување на окупираниот Западен Брег

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ВИДЕО) Пожар во Карпош 4, бројни противпожарни екипи го гаснат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ ги изневери граѓаните – падот на поддршката очигледен пред изборите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Ако поради можноста независните да се кандидираат со два потписа изборниот процес не успее, Владата има уставна можност да постави повереници

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk