ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

СДСМ: Мицкоски ги мајтапи граѓаните – маркетите да објавувале цени, а луѓето да споредувале!

February 11, 2025 12:51
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Христијан Мицкоски со своите последни изјави повторно докажува дека е целосно одлепен од реалноста. Во време кога граѓаните едвај ги врзуваат крај со крај, кога цените секојдневно растат, Мицкоски предлага „револуционерно решение“ – маркетите да ги објавуваат цените на вебсајтови, а граѓаните сами да ги споредуваат. Дали ова е економската политика на Владата? Дали ова е стратегијата за заштита на животниот стандард? Да ажурираат сајтови додека луѓето сè потешко преживуваат?, прашуваат од СДСМ.

Оттаму велат дека „овој „бисер“ е само уште една потврда дека Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ нема ни визија ни волја да преземе конкретни мерки за спречување на растот на цените. Ова не е ништо друго освен мачкање очи пред јавноста дека нешто „се работи“, додека во реалноста, трговците и крупните интереси се заштитени, а граѓаните оставени сами на себе, велат од СДСМ.

„За осум месеци оваа Влада не понуди ниту една успешна економска мерка. Напротив, со секој потег дополнително го слабее животниот стандард на граѓаните. Македонските семејства се соочуваат со реалност каде што секој ден имаат сè помалку пари, а цените растат без контрола. СДСМ, како и секогаш, понуди конкретни и проверени решенија што веднаш би донеле резултати. Предложивме мерки за раст на платите, намалување на ДДВ за основните производи и заштита од неконтролираните поскапувања. Но, Владата останува глува за ваквите предлози, очигледно водена од други интереси. Ги прашуваме Владата и Мицкоски: Кого штитите? За кого работите? Зошто граѓаните не ја гледаат поддршката од вас? Јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ од првиот ден нема интерес парите од буџетот да ги врати кај граѓаните. Напротив, со ниту една политика досега не овозможија никаква помош или бенефит за граѓаните. СДСМ останува посветен на борбата за подобар животен стандард. Додека Владата се занимава со популистички идеи и заштита на интересите на малкумина, ние ќе продолжиме да работиме на вистински решенија за граѓаните!“, се наведува во соопштението од СДСМ

 

Next Post

Мелони: Италијанската Влада е на вистинскиот пат во борбата против мафијата

Shortcut

Најново

Марш за слобода, Приштина, 12 септември 2026

Масовен „Марш за слобода“ во Приштина во пресрет на пресудата во Хаг: „Цело Косово ве чека, ослободители!“

September 12, 2026

(TECH FRONT рапорт) Дванаесет дена што ја раздвижија вештачката интелигенција: Модели од новата генерација и глобални предизвици

September 12, 2026
30 години независност, 2021

35 наспроти 30 години независност: 25 пати повеќе пари, нула транспарентност

September 12, 2026
Никола Спасов

Алгоритмите, стравот и подемот на радикалната десница

September 12, 2026

Руската амбасада ја претвори својата фасада во пропаганден билборд за окупацијата на Крим

September 11, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Лајкови: Груевски со повеќе од седум пати повеќе реакции од Мицкоски за честитката за независност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Глигоров и Филипче од Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Колку пари се потрошени на убиството на Македонија!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Андонов со провокативни „викенд прашања“ до Мисајловски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk