Руската државна телевизија „Русија 1“ со воодушевување го пренесе говорот на американскиот потпретседател Џеј Ди Венс, пренесува Би-Би-Си.
– Беше многу убаво да се слушне овој силен говор на Венс, изјави дописничката Асија Јемељанова, додавајќи: Ова беше јавно камшикување, не можам поинаку да го наречам. Беше интересно да се набљудуваат и реакциите на оние што го слушаа, рече таа низ смеа.
Посебно го пофали коментарот на Венс за „закани одвнатре“, кои, според него, се поважни од руското или кинеското мешање во Европа.
Јемељанова исто така ги поддржа тврдењата на Ванс за опаѓањето на демократијата и слободата на говорот во Европа.
Според Би-Би-Си, ваквите изјави совршено се вклопуваат во наративот што руските државни медиуми го пласираат со години, а коментарите на Венс беа позитивно оценети на сите про-Кремљ канали.