ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Ангеловска: Единствено кога губи сивата економија, добиваат сите

October 13, 2019 12:13
in ДЕНЕС, ЕКОНОМИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Сите мораат да имаат ист третман, а најважно во плаќањето на јавни давачки, вели министерката за финансии Нина Ангеловска во интервју за неделникот „Фокус“. Таа најавува дека како министер за финансии ќе презема низа мерки за сузбивање на сивата економија.

– Единствено кога губи сивата економија, добиваат сите. Покрај надоградување на проектот Мој ДДВ, ќе има и други мерки. Тука повторно ќе ја посочам технологијата како клучно средство за постигнување на таа праведност и ефикасност. Следете што работам, ќе има промени, зашто секогаш сѐ може подобро. Во Министерството се прават анализи кои ќе покажат какви се ефектите на одделни мерки. Оние за кои проверките ќе покажат дека можеби не ги даваат очекуваните резултати и не ги остваруваат зацртаните цели, ќе се менуваат, укажува Ангеловска во интервјуто, информираат од Министерството за финансии.

Таа посочува дека економијата е во добра кондиција. Растот на БДП во првото полугодие изнесуваше 3,6 проценти и е на широка основа, со раст во градежништвото, индустријата и земјоделството, како и раст на приватната потрошувачка и раст на бруто-инвестициите.

– Како резултат на добрите показатели, ММФ, Европската комисија, рејтинг агенцијата Фич, веќе го зголемија проценетиот раст на БДП за Република Северна Македонија, за годинава. Врз основа на се ова, реални се очекувањата дека во 2019 година ќе биде остварен проектираниот економски раст од 3,5 проценти, вели Ангеловска.

На прашањето дали Владата и Народната банка ќе се одлучат за корекции на фиксниот курс на денарот, како непогоден за извозните компании, Ангеловска одговара дека каква било промена на стабилниот курс на денарот во однос на еврото би значела загуби за економијата во целина.

– Одвреме-навреме се јавуваат извозници и експерти кои одново го отвораат прашањето за курсот на денарот, барајќи промени поврзани со основното монетарно сидро. Тоа можеби би довело до краткорочно стимулирање на извозот, но ќе предизвика ценовни притисоци, неизвесен амбиент, а со тоа и нарушување на вкупната макроекономска стабилност, нагласува министерката за финансии.

Ангеловска вели дека за промените кои ги најавува важни се човечките ресурси и верува дека во Министерството за финансии има вработени кои може да влијаат на уривање на стреотипот за администрацијата, такви кои преземаат лична одговорност за да постигнат резултат и не престанале да учат и лично да се надоградуваат. Посочува дека веќе се работи на сет закони за натамошна либерализацијата на пазарот на платежни услуги, за зголемување на заштитата на депонентите преку натамошно јакнење на супервизијата над банките и за стимулација на пазарот на капитал, информираат од Министерството за финасии.

извор: МИА

Next Post
Badger

Јазовецот Герасим

Shortcut

Најново

Герасимовски: „Центарска симфонија“ во сабота , оркестар, македонски шлагери и филмска музика во срцето на Скопје

June 8, 2026

Изложба на 30 уметници во Македонскиот културен центар во Тирана

June 8, 2026
Анаис. Мо5тив, Прилеп

Дневен хороскоп со Анаис за 8 јуни 2026: Нова деловна иницијатива и силен социјален полет

June 7, 2026

Александар Зверев го скрши проклетството: Конечно Грен слем шампион со триумф на Ролан Гарос!

June 7, 2026

32 Конгрес на СДСМ: Сестринските партии од регионот и Европа со силна поддршка за СДСМ и Филипче

June 7, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кошта ја кажа вистината што власта се обидува да ја сокрие

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Антропик“ предупредува: Вештачката интелигенција наскоро ќе може самата да се усовршува без човечка интервенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што добива Македонија од новиот француско-германски нон-пејпер?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Месечен хороскоп со Анаис за јуни 2026: Ментална експанзија и емотивна консолидација

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Викенд хороскоп на Анаис за 6 и 7 јуни 2026: Интуитивно приземјување и емоционална катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk