ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ИЗБОР) Албански медиуми: Ќорсокакот предизвикан од мерките на ЕУ кон Косово; Освен двајцата уапсени, нема други информации за нападот на „Ибар -Лепенец“; Албанија ја губи предноста на младото население

February 24, 2025 13:35
in ДЕНЕС, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Дваесет месеци по замрзнувањето на средствата за Косово и прекинувањето на посетите на високо ниво, Европската унија продолжува да одбива да ги укине овие мерки и покрај континуираните барања на Приштина, но и на Европскиот парламент, е една од главните теми во косовските медиуми.

Во Албанија, според податоците од ЕУРОСТАТ, Последните податоци на Еуростат упатуваат на тоа дека коефициентот на зависност на постарите лица (население на возраст над 65 години) изнесува 33,9% од работната сила.

Во продолжение се поместени содржините од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот.

КОСОВО

РСЕ: Косово и мерките на ЕУ-  ќорсокак со долготрајни последици

„Казнените мерки на Европската унија не ја принудија Владата на Косово да го промени својот курс, но имаа влијание врз благосостојбата на граѓаните. Без јасен консензус во ЕУ за тоа кога тие би можеле да бидат укинати, неизвесноста продолжува да ја обликува ситуацијата.

Дваесет месеци по замрзнувањето на средствата за Косово и прекинувањето на посетите на високо ниво, Европската унија продолжува да одбива да ги укине овие мерки и покрај континуираните барања на Приштина, но и на Европскиот парламент.

Во одговорот даден за Радио Слободна Европа, портпаролот на блокот рече дека „привремените мерки на ЕУ се реверзибилни и Советот веќе постави услови за нивно постепено отстранување, кои се поврзани со преземање чекори од Косово за намалување на тензиите на северот“, се наведува меѓу другото во анализата на РСЕ.

Газета експрес: Шефот на Зубин Поток: Освен двајцата уапсени, немаме други информации за „Ибар -Лепенец“

Градоначалникот на општина Зубин Поток, Измир Зеќири посочи дека освен двајцата уапсени за нападот во „Ибар – Лепенц“ нема други информации за истрагите за овој случај.

Зеќири вели дека точните проверки за расветлување на случајот ги одложуваат деталите од истрагите.

„Истрагата и безбедносниот механизам ги извршуваат своите обврски во оваа насока. Точните проверки за да се дознаат сите детали доведуваат до доцнење и свесни сме дека две лица од 10 кои беа уапсени се во притвор и се работи на расветлување на овој случај. Немаме други информации“, рече Зеќири, пренесе Газета експрес.

ТВ 21: Продолжува судењето во Хаг на поранешните лидери на ОВК

Денеска во Хаг од 9:00 часот продолжува судскиот процес против поранешните лидери на Ослободителната војска на Косово.

Инаку, пред неколку дена во Специјализираните совети на Косово (DhSK) беше донесена одлука да се прифатат како материјални докази исказите на девет писмени сведоци според правилото 153.

Ова го соопшти портпаролот на ДСК, Мајкл Дојл, кој посочи дека одлуката е донесена на 14 февруари, пренесе ТВ 21.

АЛБАНИЈА

Репортери: ЕУРОСТАТ – Албанија ја губи предноста на младото население

Во 2002 година, Албанија и Турција ја водеа Европа за младото население, но сега, по две децении, демографскиот профил на земјата е радикално променет.

Во Албанија, според податоците на ИНСТАТ од Пописот од 2023 година, соодносот на стари лица зависни од работната сила бил 30,4%, многу повисок отколку во 2011 година, кога индикаторот бил 16,4%, а во 2002 година само 12,3%. Тоа значи дека сега има околу 3,2 Албанци на работоспособна возраст на секој постар човек над 65 години, од 8,1 во 2002 година, пренесе Репортери.

ТВ њуз: Потпишани се два договори меѓу Албанија и Обединетите Емирати

Албанија и Обединетите Арапски Емирати потпишаа договор за областа на енергетиката и проектот „Паметен град“ во Албанија.

Потпишувањето на договорите се случи денеска за време на посетата на шеикот Мохамед бин Зајед на Тирана, прва во својство на претседател на Обединетите Арапски Емирати, на чело на делегација на високо ниво, пренесе  ТВњуз.

КОЛУМНА

Коха: „Може ли Европа да ја замени Америка како бранител на слободата и демократијата во светот?“

„Но, Трамп ги критикува Европејците на брутален начин. И често користејќи неточни термини. Тој, на пример, го користи терминот „мора да платат за НАТО“. Но, зборуваме за инвестициите на секоја земја во одбранбените капацитети и потоа тие обединети капацитети на сите 32 земји ја сочинуваат колективната воена моќ на НАТО. Значи, САД навистина најмногу гарантираат за безбедноста на другите преку НАТО, бидејќи го имаат и најголемиот арсенал на оружје. Но, дури и да не беше така, САД ќе имаа силна војска, со или без НАТО.

Разликата меѓу Трамп и сите претходни американски претседатели е во тоа што тој исто така ја доведува во прашање подготвеноста на Америка да ги заштити сојузниците. Довербата кон некои, како Канада и Данска, покажува и територијални претензии и им се заканува. Ова е нешто ново за Европа, навикната секогаш, во добро или во лошо, да ја има Америка за свој ангел чувар.“, пишува авторот Аугустин Палокај во колумната „Може ли Европа да ја замени Америка како бранител на слободата и демократијата во светот?“, објавена во косовскиот дневник Коха.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

Tags: Албански медиумирегион
Next Post

Избран нов градоначалник на Нови Сад, протести и судири со полицијата пред Собранието

Најново

Фото: Скриншот, видео Х

(ВИДЕО) Американските маринци пресретнаа брод во Арапското Море поради блокадата на Иран

April 29, 2026
Фото: Скриншот, видео Х

(ВИДЕО) Израелската армија уништи подземни тунели на Хезболах во јужен Либан

April 29, 2026
Илустрација Фронтлајн

Дневен хороскоп со Анаис (29 април): Активирање на хармонијата и партнерските односи

April 28, 2026

ИСТРАЖУВАЧКО ДОСИЕ НА ЦИВИЛ: Кримското поглавје на руската пропаганда, низ дејствувањето на негиран „виш советник“ на Левица

April 28, 2026

Оставете нè да ви принесуваме убавина, се угушивме во грдотија

April 28, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk