ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Лукаревска до Љутков: Зошто не се почитува Законот, се срамите ли што досега ништо не направивте за македонскиот јазик?

February 27, 2025 14:53
in ДЕНЕС, КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања, упати две прашање  до министерот за култура, Зоран Љутков, кои се однесуваа на македонскиот јазик: Кога ќе почнат  да ги исполнуваат обврските од Законот за македонски јазик, бидејќи не е исполнета  ниту една обврска и дали не се срамат затоа што досега ништо немаат направено за македонскиот јазик?

Лукаревска, нагласи дека македонскиот јазик е основа на националниот и културен идентитет на Македонија и дека заштитата и афирмирањето на јазикот останува обврска на сите. Според неа, политиките на Владата на СДСМ покажале како треба да се постапува за зачувување и унапредување на македонскиот јазик, а истовремено ја критикуваше актуелната власт за неактивноста во оваа област.

„Горда сум што сум дел од партија и влада која покажа вистинска посветеност за македонскиот јазик. За време на владеењето на СДСМ, се реализираа важни државнички политики кои го заштитуваат и афирмираат нашиот јазик,“ рече Лукаревска. Таа посочи дека токму Владата на СДСМ го прогласи 5 мај за Ден на македонскиот јазик, како и дека благодарение на тоа македонскиот јазик е признат во Обединетите нации и стана дел од јазиците на Европската унија.

Лукаревска ја истакна и инвестицијата во Институтот за македонски јазик и дигитализацијата на 5 милиони текстови, како и новите вработувања на научници по 24 години. Таа ја спомена и важноста на Законот за употреба на македонскиот јазик, кој вклучува задолжително лекторирање на официјални материјали и нови работни места за лектори во јавните институции.

„Сето ова, за жал, не се спроведува под Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Девет месеци по донесувањето на Законот, нема ни иницијатива за формирање на Инспекторат за употреба на македонскиот јазик и нема вработувања на лектори,“ додаде Лукаревска. Таа истакна дека ВМРО-ДПМНЕ не презела ниту една мерка од Законот, што според неа е недозволиво за една влада која тврди дека ја почитува културната и јазичната вредност на Македонија.

Лукаревска ја потсети ВМРО-ДПМНЕ и на ставот на нивните претставници за Блаже Конески, когo го нарекоа „Џуџето од Небрегово“, оценувајќи дека вакви ставови го откриваат нивниот вистински однос кон македонскиот јазик и култура.

На крајот, Лукаревска постави две прашања до министерот за култура, Љутков:

-Кога ќе почнете да ги исполнувате обврските од Законот за македонски јазик?

-Дали не се срамите за тоа што досега ништо немате направено за македонскиот јазик?

 

 

Tags: ЛукаревскаЉутков
Next Post

Љутков: Имплементација на Законот за македонски јазик со концепт, работиме прецизно и нема да дозволиме скандали

Најново

СДСМ обвинува за „тајни средби“ со Бугарија, ВМРО-ДПМНЕ возвраќа со етикети дека опозицијата е во „паника и без стратегија“

May 2, 2026
Колаж од најави за настан во Градски Парк, Скопје, на 9 мај 2026 (фото извор: ФБ страница на ЕУ Делегација во Скопје)

Скопје со активности во знакот на Европа

May 2, 2026

Пекинг се закани со контрамерки доколку ЕУ ги ограничи кинеските компании на европскиот пазар

May 2, 2026
Анаис, хороскоп, мотиви Охрид

Викенд хороскоп со Анаис за 2 и 3 мај: Моќта на интуицијата и тајните на Шкорпија

May 1, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Работниците денеска на масовен првомајски протест во Скопје

May 1, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk