ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ДЕНЕС

Зеленото светло за Скопје и Тирана – голем чекор за регионот и притисок за останатите кандидати за членство

Стартот на преговорите со Албанија и Северна Македонија треба да дејствува како катализатор што ќе ги поттикне земјите кои се понапред во процесот, Србија и Црна Гора, да работат сериозно и посветено во исполнувањето на критериумите.

March 26, 2020 15:53
in ДЕНЕС
Share on FacebookShare on Twitter

Одлуката на Советот за општи работи на ЕУ да даде зелено светло за почеток на преговорите за членство со Северна Македонија и Албанија, што денеска треба да ја потврдат и лидерите на ЕУ, се покажа како „четврата среќа“ за двете земји, оценува порталот „Јуропиан Вестерн Балкан“ (ЕВБ).

Откако беше потпишан Преспанскиот договор во јуни 2018 година, постоеја очекувања дека барем Северна Македонија ќе добие позитивната одлука за старт на преговорите за членство со ЕУ на состанокот на Европскиот совет што се одржа неколку недели подоцна. Но, одлуката беше одложена за во јуни 2019 година, а потоа и за октомври 2019 година, кога повторно не беше донесено решение, туку беше предложено изработка на нова методологија за преговори и беше одлучено да се почекаат ажурираните извештаи на Еврокомисијата за двете земји. Конечно, во четвртиот обид Советот даде зелено светло за преговори, наведува ЕВБ.

Професорот по историја и политика на Југоисточна Европа на Универзитетот во Грац, Флоријан Бибер во изјава за порталот оценува дека ваквата одлука претставува многу позитивен сигнал не само за овие две држави.

– Прво, таа испраќа порака дека процесот на проширување продолжува и дека и покрај сите проблеми, дури и во скептичните земји има доволно поддршка за продолжување на овој процес. Дури и земји како Франција и Холандија се согласија на овој процес. Второ, таа ги потенцира заслугите, бидејќи и двете држави спроведоа тешки реформи во последните години. На тој начин е спасен кредибилитетот на процесот, потенцира Бибер, кој е и координатор за Балканот во Советодавната група за европска политика (БиЕПАГ).

Според него, ваквата одлука претставува придобивка и за двете земји кандидати – Црна Гора и Србија, кои предничат во преговарачкиот процес, бидејќи сега добиваат поголема конкуренција, што би требало да го зголеми притисокот врз нив за да испорачаат резултати.

Бибер верува дека иако има уште многу да се направи и во Северна Македонија и во Албанија, сепак, оваа одлука ги наградува реформите и ги поттикнува да продолжат со нив.

Според него, ваквата оценка се потврува и со ставот на Европската комисија дека Албанија ќе мора да покаже дополнителен напредок во областа на изборното законодавство и во судството пред одржувањето на прва меѓувладина конференција меѓу Брисел и Тирана, барање што го упати германскиот Парламент уште лани во септември.

– Покрај тоа, на домашната политичка сцена, ваквата одлука претставува поттик за оние политичари кои промовираат сериозни реформи, наведува Бибер, додавајќи дека во случајот со изборите во земјата тоа би требало да биде во полза на актуелната Влада, но дека на изборните разултати ќе влијае и генералниот развој на кризата со Ковид-19 и справувањето со неа.

ЕВБ оценува дека одлуката за старт на преговорите е особено важна бидејќи е донесена во вонредни околности, кога ЕУ е преокупирана како да се справи со ширењето на корона вирусот и со последиците од пандмијата врз економијата.

Постариот политички аналитичар на Институтот „Отворено општество“ во Брисел и член на БиЕПАГ, Срѓан Цвијиќ за ЕВБ оценува дека пандемијата на Ковид-19 можеби го олеснала донесувањето на одлуката за старт на преговорите.

– Сметам дека појавата на пандемијата на Ковид-19 во Европа го одвлече целото внимание од други теми, што го олесни донесувањето на некои одлуки, кои можеби би биле политички штетни за лидерите на земјите членки, вели Цвијиќ.

Тој, слично како и Бибер, смета дека отпочнувањето на преговорите со земјава и со Албанија ќе влијае и врз Србија и Црна Гора.

– Стартот на преговорите со Албанија и Северна Македонија треба да дејствува како катализатор што ќе ги поттикне земјите кои се понапред во процесот, Србија и Црна Гора, да работат сериозно и посветено во исполнувањето на критериумите. Во двете земји, последниве години имаме демократско назадување, процес спротивен на оној што е неопходен за нивно приближување кон членство во ЕУ. Треба да видиме пресудна промена во Србија и Црна Гора и во тоа може да помогне позитивниот притисок од Северна Македонија и Албанија, смета Цвијиќ.

Во однос на почетокот на преговирте, Цвијиќ оценува дека со оглед на целокупната состојба во Европа поврзана со пандемијата тешко е да се предвиди кога ќе се одржат првите меѓувладини конференции, но очекува дека таа за земјава би можела да се одржи „некаде во септември или октомври годинава“.

ЕВБ заклучува дека независно од тоа кога ќе се одржат првите меѓувладини конференции, не може да се негира дека одлуката за старт на преговарачкиот процес со Северна Македонија и Албанија е најважниот чекор напред на патот на интеграција на Западниот Балкан во последниве години, иако за тоа какво ќе биде темпото на натамошниот преговарачки процес останува да се види дури по завршувањето на пандемијата со Ковид-19.

Next Post

Пунктот за тестирање во Чаир ќе биде отворен во понеделник

Shortcut

Најново

Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

June 18, 2026

Вкупно 17,5 години затвор за родителите на момчето убиец од „Рибникар“

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026

Три дена посветени на творештвото на Манчевски во Италија: Од „Прашина“ до премиерата на „Бикини Мун“

June 18, 2026

Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

June 18, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Екс директорката на Филхармонија, Тина Иванова, ја доби на суд екс министерката за култура

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Владанка Крстевски прогласена за најдобра актерка на фестивалот „MONO AKT“ во Приштина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Вонредни избори или национален консензус за ЕУ-агендата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk