На прашањето на Фронтлајн, дали зголемениот број на граѓани во самоизолација и бројот на тие кои не ја почитувале изолацијата може да го зголеми бројот на предвидените 2.000 инфектирани до средината на април, министерот за здравстов Венко Филипче одговори дека идната недела ќе се знаат прогнозите.
„Детално ќе ја прикажеме статистиката во однос на предвидувањата, или за време на викендот или почетокот на следната недела. Би било тоа еден стручен состанок, за да ја информираме јавноста за сите сознанија кои што ги имаме“, одговори Филипче.
А. З.