Премиерот на Гренланд рече дека планираната посета на островот од страна на американски официјални претставници, вклучително и втората дама Уша Венс, е „многу агресивна“, доведувајќи ги односите на ново најниско ниво откако претседателот Доналд Трамп вети дека ќе ја анектира автономната данска територија, објави Си-ен-ен, пренесува Цивил Медиа
Уша Венс, сопругата на американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс, ќе отпатува за Гренланд оваа недела за да ја следи националната трка со кучиња на островот и да ја „слави греландската култура и единство“, се вели во соопштението од Белата куќа. Советникот за национална безбедност Мајк Волц, исто така, се очекува да ја посети територијата оваа недела, според извор запознаен со патувањето.
Гренландскиот премиер Муте Б. Егеде го нарече патувањето на американската делегација на островот „многу агресивно“ во интервју за гренландскиот весник „Сермитсијак“ во неделата и изрази особена приговор за посетата на Валц.
„Што прави советникот за национална безбедност на Гренланд? Единствената цел е да демонстрира моќ над нас“, рече Егеде. „Неговото присуство на Гренланд несомнено ќе го поттикне американското верување во мисијата на Трамп – и притисокот ќе се зголеми“.
Идејата на Трамп за анексија на Гренланд го фрли меѓународното внимание на територијата, која има огромни резерви на ретки минерали, критични за високотехнолошките индустрии, и покрена прашања за идната безбедност на островот додека САД, Русија и Кина се борат за влијание на Арктикот. Трамп постојано изразува интерес САД да го преземат островот со сила или економска принуда, иако Данска и Гренланд цврсто ја отфрлија идејата.
Д. Мишев / Цивил Медиа