ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Синдикат на Филхармонија: Одлуката Мустафа Имери да биде директор доказ дека партискиот договор е единствена референца за раководни позиции

March 26, 2025 11:24
in ДЕНЕС, КУЛТУРА

Одлуката на Зоран Љутков, министер за култура и туризам да го назначи Мустафа Имери за директор на Македонската филхармонија е уште една потврда дека во оваа земја не се почитуваат законите, дека продолжуваат да се спроведуваат конкурси на нетранспарентен и незаконски начин и дека партиска книшка и договор се единствена валидна референца за добивање раководни позиции, реагираат од Синдикатот на Македонската филхармонија.

Љутков, додаваат оттаму, денеска донел политичка, наместо правно издржана одлука и наместо да го дисфалификува, тој решил на незаконски начин да го назначи за директор кандитатот кој на конкурсот не ги доставил сите потребни документи и со тоа ги прекршил условите припишани во Законот за култура и во самиот конкурс.

-Затоа вработените ќе побараат кривична одговорност за министерот Љутков кој наместо да ги почитува законите реши до крај да го истера меѓупартискиот договор меѓу ВЛЕН и ДМПНЕ. Нашето единствено барање до Љутков беше конкурсот да се спроведе на законски и транспарентен начин и да се избере кандитатот кој ги исполнува сите услови. Не ни беше важна етничката припадност и на самиот почеток се оградивме од ваквиот наратив. За разлика од нас, уште вчера, пред официјално да биде доставено решението за назначување во нашата институција, албански портали пренесоа дека Мустафа Имери ќе биде прв Албанец на чело на Македонската филхармонија чии “врати досега биле херметички затворени за Албанците”, нагласуваат од Синдикатот на Македонската филхармонија.

Синдикатот ги осудува сите изјави кои имаат националистичка позадина, бидејќи, како што велат, ним не им е важна етничката припадност на идниот директор, туку неговиот капацитет и способност да ја води најстарата културна институција во земјата.

-Мустафа Имери не ги исполнува тие услови и е избран на незаконски начин. Затоа, ќе престанеме со работа и ќе протестираме се додека не се промени оваа одлука. Непочитувањето на системот и законите и носењето погрешни одлуки во минатото веќе не чинеа прескапо. Очигледно оваа власт нема интерес да учи од грешките и продолжува на најдрзок начин да не “влече за уши“ со лицемерие и лаги. Вработените во Македонска филхармонија нема да дозволат најстарата институција во културата и бастион на класичната музика во нашата земја да биде уште една жртва на трулиот државен систем без вредности кој не почитува закони и промовира непрофесионалност, потенцираат од Синдикатот.

Воедно, ја информират јавноста дека нивниот хуманитарен концерт „Без зборови“ закажан за утревечер ќе се одржи, бидејќи, тоа им го должат на невините жртви во страшната трагедија во Кочани, но и на публиката која со своето присуство и купениот билет ќе донира во фондот за настраданите.

Tags: директорСиндикатФилхармонија
Next Post

Комеморација за Сара Пројковска на Факултетот за музичка уметност

НАЈНОВО

Министерство за транспорт

Вицепремиерот Николоски во Будимпешта на прослава на Националниот ден на Унгарија

August 20, 2025

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • (ФОТО) Шукова и Трајановски: Четири години негрижа – Џевахир претворен во срам за градот, комплетен институционален хаос

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Систина му се закани, Кедев одговори: Оваа тужба ќе биде можност конечно да се види што навистина се случува во македонското приватно здравство

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk